Во Софија се одржа трилатерален семинар „ХОЛОКАУСТОТ КАКО ПОЈДОВНА ТОЧКА“.


Во Софија се одржа трилатерален семинар за наставници на тема: „ХОЛОКАУСТОТ КАКО ПОЈДОВНА ТОЧКА“.

Наставници од основни и средни училишта од Грција, Бугарија и Македонија имаа можност да дојдат до нови сознанија, алатки и практики за имплементација на холокауст едукацијата во училиштата и воедно нивно вмрежување за размена на искуства и соработка при изработка на проекти за холокаустот. Македонија ја претставуваа 12 наставници и двајца едукатори кои имаа свои предавања.

Организатори на семинарот беа Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Memorial de la SHOAH, а во организацијата беа вклучени Здржението на наставници по историја на Бурагија, Еврејската заедница во Бугарија – Шалом, Министерството за образование со Бирото за развој на образованието од нашава земја и Министерството за образование, истражување и религии на Грција.

Семинарот се реализираше од 28.02 до 02.03.2023 година.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN