Заврши трилатералниот едукативен семинар за настав …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Заврши трилатералниот едукативен семинар за наставници 50 наставници од Србија, Албанија и Македонија учествуваа на трилатералниот едукативен семинар „Холокаустот како појдовна точка“ кој се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Во воведните обраќања на националните координатори беше истакната улогата на наставниците во едукација на теми поврзани со холокаустот. Особено беа потенцирани различните историски наративи во земјите од регионот кои многу често продуцираат различни контра-наративи. Токму затоа и се организираат вакви семинари на кои наставниците ќе се едуцираат за да можат да го унапредуваат процесот на образование на младите генерации, особено кога станува збор за еден од најтрагичните настани од современата човекова историја – холокаустот. Агендата на семинарот вклучуваше работилници, предавања, посети. Беа обработувани теми за фалсификување на историјата и искривување на холокаустот, како да се справат со теории на заговор, родово насилство во холокаустот, европска соработка во рамки на холокаустот. Беа одржани и работилници на кои наставниците активно партиципираа со своите знаења и вештини, а беа презентирани извештаи од наученото од претходниот ден. Активната партиципација на работилниците им даде добар патоказ на наставниците како да работат во училница и кои теми би биле добро да ги обработат. Се работеше на: Терминологија за масовни злосторства, 5 лажни идеи за холокаустот, како да се користат архивски документи и фотографии од холокаустот во училница. Учесниците го посетија Монополот (местото каде биле собрани Евреите од Македонија и депортирани во Треблинка) и имаа можност да ја видат постојаната поставка во Меморијалниот центар. Семинарот беше организиран од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Париз.

Оставете одговор