МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ЦЕНТРОПА ОДРЖАА СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ Со почитување на Ковид- мерките во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија од 3 до 5 декември се одржа меѓународен семинар за наставници од основните и средни училишта. Освен од нашата земја, учество зедоа и наставници од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Насловот на семинарот беше „За оние кои го кренаа својот глас за време на холокаустот“, а учество зедоа 30 наставници. Воведни обраќања имаа: Горан Садикаријо директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Д-р Георг Вуцас – Амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, Лиса Вишман од Амбасада на САД Скопје и Едвард Серота директор на „Центропа“ од Виена. Во програмските активности наставниците имаа можност да ја проследат промотивната презентација на книгите „Куферот на Хана“ и „Изброј ги ѕвездите“ во издание на Фондот на холокаустот и издавачката куќа Арс Ламина. Гледаа филмови на „Центропа“ од кои произлегоа презентации за примена на филмот во наставата, проследија презентација за примената на дигиталните алатки во наставата и беа запознаени со меѓународниот проект на наставници од Северна Македонија и САД: „Bullying Stories “. Учесниците имаа можност да ја погледнат и постојаната поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, а научија и како се одбележуваат празниците Шабат и Ханука. Семинарот беше поддржан од Aмбасадата на САД во Скопје, Австриската амбасада во Скопје и Claims Conference.

Оставете одговор