+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Одбележан Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна Втори август е Европски ден на сеќавање на жртвите од холокаустот врз Синтите и Ромите. По тој повод пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа комеморација на која се обрати Претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски. Во неговото обраќање тој ја истакна големината на геноцидот врз Ромите и нагласи дека тие трагични настани од Втората светска војна се најмрачната замисла за така нареченото „конечно решение“ на нацистичката и фашистичка закана врз слободниот свет во тој период и не смее да се заборави. „Ова е еден од најголемите порази на човештвото во историјата и затоа холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен како што го нарекуваат „заборавениот холокауст“ – истакна Спасовски На комеморација по повод сеќавањето на жртвите од геноцидот над Ромите во рамки на Втората Светска Војна, се обратија и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, Музафер Бајрам и главниот извршен директор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо. На 2 август 1944 година во гасните комори на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау биле убиени последните 4.300 затворени Синти и Роми. Овој ден се смета за симбол на холокаустот извршен од страна на нацистите врз преку 500.000 Синти и Роми во окупирана Европа. Европскиот парламент пред пет години го прогласи втори август за Европски ден на сеќавањето, а од државите-членки на ЕУ и натаму се бара да го вградат овој ден во своите земји како сеќавање на холокаусотот врз Синтите и Ромите. Република Полска е прва земја во Европа која го прогласи втори август за ден на сеќавање.

Одбележан Денот на геноцидот врз Ромите во Втората …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


