Промоцијата на книгата „Изброј ги ѕвездите“ од Лои …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Промоцијата на книгата „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури во Велес Во пријатна атмосфера и со почитување на пандемиските протоколи, на платото пред Ликовниот салон во Велес беше промовирана новелата „Изброј ги ѕвездите“. Домаќин на настанот беше локалната библиотека „Гоце Делчев“ и в.д. директорката Гордана Васковска која ги поздрави присутните и даде краток осврт за романот. За авторката и книгата зборуваше Жаклина Мучева од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а презентација за спасените деца Евреи од Македонија имаше Горан Садикаријо – извршен директор на Фондот, кој направи паралела со приказната на Анемари. Оваа емотивна и сериозна приказна раскажана од дете на само десет години е доказ за големината на детските воени сведоштва, за нивната храброст и сочувство. Во новелата „Изброј ги ѕвездите“ децата не се само воени жртви или сведоци, тие се доверливи, истрајни и одговорни учесници во дејствијата на возрасните. Преку нарацијата на Анемари Јохансен, читателот патува низ двојноста на случувањата во Копенхаген 1943та : живот – смрт, војска – цивили, добрина – злосторство, другарство – непријателство, глад – ситост, војна – мир и конечно вистинска ли е приказната или измислица на авторот Лоис Лаури. Затоа можеби читателот ќе се запраша дали спасувањето на едно еврејско семејство значи спасување на сите Евреи во Данска? И токму тука ќе се пронижат историските вистини. Ќе се дознае големината на пријателството, граѓанската солидарност, пожртвуваноста и храброста на обичниот човек. Читателот ја завршува приказната со чувство на човекољубие. Ја осознава и големината на детското историско испишување на минатото. Извадоци од книгата читаа Валерија и Анастасија Ѓорѓиеви членови на клубот на писатели Коста Солев Рацин од Велес, а ученичките од Основно музичко училиште„Стефан Гајдов“ Велес, Ива Бабуновска и Јулијана Огњанова, со своите виолини ѝ дадоа на промоцијата посебна лирска нота. Книгата е дополнета со прашања за дискусија и размислување, со надеж дека ќе стане предмет на интерес во образовниот процес, со оглед на тоа што меѓу литературната понуда во основното образование недостасуваат книжевни дела кои ја обработуваат темата – холокауст. Овој роман е светол пример и од книжевен и од дидактички аспект и ефектите од неговата обработка во училиштата би биле позитивни и далекосежни. На крајот од промоцијата присутните имаа можност да го погледнат промотивниот филм за Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија со кој оваа институција беше промовирана и номинирана за награда на Европската музејска академија од 2019 година за најдобар музеј во Европа.

Оставете одговор