Новости и информации
Едукација
Книга за впечатоци
Го разгледав музејот и во секоја трагична епизода на овој измачен народ се гледав сам себе од моето протерување од моето село во Егејска Македонија.
Зашто, и ден денес, Европа не ги прогонува прогонувачите на македонскиот народ од Грција?
И како Евреите, и ние од Егејска Македонија, ќе издржиме.
Немир и возбуда. Се дивам на овој прекрасен народ. Благодарна сум што имаме еден таков музеј. Да не се повтори такво нешто.
Можам само да кажам дека излегов натажена но и воодушевена истовремено.
Посакувам напредок за еврејскиот народ и за допринесот за доброто на народот.
Поштовање на еден голем народ.
Сочуствуваме со направената човечка трагедија, од страна на нечовеците.
Отварањето на овој објект е за голема пофалба – пример за почитување на еден многу храбар народ. Никогаш да не се повтори ова злосторство.
Господи те молам овој ужас да не се повтори. Неизмерна почит кон починатите. Со почит,
Овој музеј предизвика кај мене како современик на соживотот и депортацијата на Евреите кој учеше и другаруваше со Евреи во школо и во класот сето тоа емоционално да ме потресе со огромен гнев кон злосторот на германските и бугарските окупатори кои не може ни да им се прости нити заборави!
Ако се заборави, тогаш може и да се повтори. Нека им е вечна слава и спомен кон нашите пријатели и комшии кои не напуштија, но кои не ги забораваме.
Овој музеј е сведоштво за луѓето Евреи кои живееја во Скопје, Штип и Битола и пошироко. Многу сум благодарен што нашата Влада создаде вакво вечно меморијално сеќавање за нашите браќа и сестри Евреи.
Овој музеј е совршенство, што се можат да направат помрачени умови врз еден народ.
Полн со емоции и чувство на жал заради изгубените сограѓани. Нека почиваат во мир.
Навистина никогаш да не се заборави ниту повтори. Во чест на сите пострадани и за спас на сите нас.
Со почит на сите починати.
Почивајте во мир и спокој невини луѓе жртви на теророт и свирепоста на нацизмот.
Иако сум учел историја цели 12 години, не сум знаел до денешниот ден како живееле и работеле Евреите во Македонија, но од денес со посетата на овој Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, кој се наоѓа покрај еден прекрасен комплекс од згради (црква, театри, судови, банки и тн.) дознав се за нивниот живот кој бил трновит и тежок, кои инаку ги знам за вредни трговци, занаетчии, тивки и одговорни.
Нека почиваат во мир, вакво злодело да не се повтори никогаш. Национализмот е големо човечко зло.
Почивајте во мир. Вечно ќе живеете во нас
Вечна слава и почит кон сите Евреи што неправедно биле убиени во холокаустот.
Почит кон сите починати во логорите Треблинка, Аушвиц и други.
Никогаш повеќе да не се повтори минатото.
Вечна им слава. Поука за сите нас во Македонија ова да не научи на соживот за секогаш, ние од различни вери и националности да живееме заедно и сложно.
Навистина убаво, но крајно трагично. Да знаеме што било да не се повтори.
И покрај нанесеното сло на овој народ, издржа и покажа дека располага со огромна мудрост, ум и талент.
Никојпат нема да Ве заборавам! Нека Ви е слава и мир во душите на оние кои ветуваат: да не се повтори!
Вашата голгота и страдањето опоменуваат насекаде и во секој миг!
Никогаш да не се повтори. Вечна им слава!
Вечна им слава.
Нека ви е вечна слава и мир
Никогаш повеќе да не се повтори вакво нешто.
Вечна им слава! Нека овој Меморијален центар биде учител на младите генерации за тоа никогаш не се повтори.
Со овој музеј мојата земја, Македонија, покажува дека е дел од човештвото, кој не го заборава злото, кој го почитува животот и хуманоста, како единствени категории заради кои сме на оваа планета.
Нека им е вечна слава на жртвите и никогаш да не се повтори овој ужас и зло!
Не смееме да заборавиме макар да е минато.
Вечен е духот кој оплеменува
Нека почиваат во мир
Горди сме што сме имале такви сограѓани. Вечно да е пријателството на еврејскиот и македонскиот народ.
Храбар и достоинствен народ. Слава им!
Горда сум што сум македонка, што сме имале сограѓани Евреи. Од нив, како и тие од нас сме учеле за чесност, работливост, а од се за цврста заедница- семејство.
Горда сум што е ова изградено во нашата држава и што можам да доаѓам да се потсетувам , да ги носам моите внуци.
Нека доаѓаат од цел свет да видат дека овде се живеело во слога и љубов.
Никогаш да не се повтори!!! Новата зора ќе го осветли патот по кој ќе одат нашите два братски народа! Заедно!
Бог да ги прости и вечна им слава! Амин!
Воодушевен сум од Македонија која направи ретко виден гест да не ги заборави своите несреќни граѓани македонските Евреи, кои бугарските фашисти ги осудија.
Почивајте во мир драги мои сограѓани Евреи. Слава ви
Со треперливо срце го посматрав и не можам да не испуштам солза за оваа трагедија која се случи на овој прекрасен народ, полн со убавина, култура, кое срце го направи ова за ние да не ве заборавиме никогаш. Ќе останете во сеќавање се додека сум жива, нека ви е вечна слава. А посебно сум одушевена од холот, фигурите од метал, ликовите на кои се гледа огромна тага, бол, и патење. Да не се повтори.
Геноцидот на Евреите е најголем срам за човечкиот род. Ваквите споменици не потсетуваат и ги учат новите генерации за што секогаш се наоѓа некој со нечовечки амбиции кому човечкиот живот не му значи ништо. За спомен на залудно изгубените животи и за потсетување на човечното во нас. Благодарност што е изграден овој музеј.
Болката на еден човек е болка на целото човештво, и радоста на еден човек е радост за целото човештво. Нека светлината не води сите нас да го следиме божјиот пат и да носиме радост меѓу луѓето. Се поклонуваме меѓу оние што ги дадоа своите животи за подобро човештво.
Било, повеќе никогаш да не се повтори. Вечна слава на жртвите од холокаустот.
Сочуство за трагедијата на македонските Евреи кои ги загубија своите животи во концентрациониот логор Треблинка во Полска, заедно со 6 милиони Евреи од светот. Таквата трагедија никогаш да не се повтори.
Во спомен и долго сеќавање на моите школски другари Бела и Нора. Нека им е вечна слава и незаборав.
Многу потресно. Да се надеваме дека никогаш нема да се повтори, дека ниеден народ едан на друг нема тоа да му го направи.
Ниту еден народ не може да се уништи, вистината не може да се закопа. Постоењето е вечно. Вечна почит на неправедно сотрените.
Зошто биле потребни овие жртви, зошто човек на човека е волк?!
Бог да ги прости.
Човеку застани за миг и погледни зад тилот твој, зар ова го сакаш во животот свој! Природната патека на битисувањето вреди да се почитува, биди човек.
Вечен мир и спокој за сите депортирани Евреи во периодот на Втората Светска војна од Македонија.
Нека се памети но никогаш, никому нека не се повтори.
Не можам да сфатам дека вакво нешто се случило. Потресена сум многу.
Да послужи како лекција за целото човештво, ако спасиш еден Евреин како да си ги спасил сите, ако спасиш еден човек како да си го спасил целото човештво.
Да не се заборави и со векови нека биде поука за идните генерации.
Судбината да не им се повтори на идните генерации. Времето лечи но разумот памти.
I wonder why I cried. I`am not even a Jew. I just remembered why … Because I`am a human!
Ние учиме за злото, никогаш да не се повтори.
Со голема почит и внимание Ве посетив, да Ви оддадам почит. Почивајте спокојно, Вашето битие е одбележано со меморијалниот центар.
Со почит кон жртвите, жалиме од дно на душа и секогаш ќе бидем спремни и свесни да не дојде повторно до тоа што се случи.
Го поздравувам отворањето на Музејот на холокаустот, во спомен на сите жртви и предупредување никогаш да не се повтори. И моето семејство има учество во спасување на соседот Евреин чие семејство било депортирано додека тој бил на службен пат.
Некои работи никогаш не згаснуваат... Како споменот, болката на срцето и лузните на душата...
Во огедалата се гледавме самите себе сѝ.
Изразувам голема почит за реализирањето на овој музеј. Холокаустот никогаш да не се заборави. Овој музеј дава можност на идните генерации да ги осознаат страдањата на Македонските Евреи како и Евреите од цела Европа. Слава им на загинатите.
Нека им е вечна славата и вечна нека остане славата на загинатите.
Холокаустот нека биде врежан во нашата свест и нека не опаметува за последиците од тоа што може да се случи, од тешките катастрофи кои може да ги предизвика нерационалниот ум.
Овој дом треба да биде сведоштво за минатото кое не смее да се повтори, а ние треба да го пренесуваме на идните генерации.
Најгрозен настан во историјата на светот. Никогаш да не се повтори.
Вечна им слава на неправедно и жалосно измачуваните и загинатите.
Како член на стара скопска фамилија, со традиционално добри односи на мојата со еврејски фамилии, посакувам никогаш да не се повтори трагедијата која ја доживеа овој наш пријателски народ.
Огромна загуба и нечовечно однесување. Пред се биле луѓе, независно на религијата.
Никогаш да не се повтори. Господе дај им мир и спокој на сите починати и нивни души. Амин
Нека вечноста и споменот за нив биде секогаш присутен.
Прекрасен музеј кој буди многу чувства и емоции кај посетителите .
Длабока почит кон страдањето на Евреите, да не се повтори тоа на ниту еден народ, во век и векови. Амин!
Светот секогаш ќе памети!
Жално е тоа што една болна идеологија, заврши толку многу животи, млади и стари. Евреите беа оние кои дадоа најмногу животи, само поради тоа што беа Евреи. Никогаш да не се повтори, ниеден човечки живот да биде загубен поради нечија припадност, бидејќи на крајот сите припаѓаме на еден ист човечки род.
Секое искуство го збогатува животот, посетата на овој музеј е најголемото богатство.
Прекрасен краток филм за болниот, ужасен и за жал вистински живот. Многумина од нашите ученици беа воодушевени на Евреите.
Прекрасен музеј, кој го опишува тешкиот и макотрпен живот на Евреите во овие краеви. Научивме повеќе за Евреите и нивниот живот.
Воодушевени сме од музејот и презентацијата за македонските Евреи.
Многу прекрасен музеј, воодушевена сум од тоа што е претставен секој момент од животот на Евреите во Македонија, а пред се многу убаво што постои музеј на Евреите во Скопје. И секако секој треба да дојде да го посети!
Одлично е претставена историјата на Евреите во Македонија!
Прекрасен музеј, премногу убави работи да може секој да ги посети и види.
Со болка во душата и со искрено жалење ќе излеземе од музејот. Никој не заслужил такво мачење и уште пострашна смрт каква што преживеале Евреите. Вечна им слава.
Прекрасно отсликување на прерано згаснатите животи на еврејскиот народ во Македонија.
Совршено уреден музеј. Да не дозволат луѓето во иднина додека постои светот да се повтори холокаустот према никого.
Многу интересна поставка која ќе им овозможи на идните генерации да помнат за присуството на еврејската заедница во Македонија.
Вистински паметник за случувањата и судбината на Евреите! Слава ви!
Сочувствуваме со страдањата на Евреите... Ова е стварно за почит. Искажана е целосната вистина.... И треба да се почитува од страна на секој граѓанин.
За жал и денес не престанува прогонот на народите, нема крај на страдањата на луѓето. Господ нека ни е на помош.
Ви благодриме за ваквата изложба што ни ја приуштивте за да дознаеме нешто за минатото. Музејот е фантастичен и се надеваме дека идната година ќе можеме да сознаеме уште повеќе.
Светот ќе беше поубав ако сите овие семејства не страдаа толку многу и ако денес беа живи нивните потомци.
Болката и страдањата никогаш нема да бидат избледнети, чувствувам голема емпатија кон сите луѓе кои ги доживеале овие лоши моменти. Музејот на холокаустот е совршенство.
Не можам да си замислам како воопшто им било на Евреите, но сочувствувам со нив, како и со секој човек на планетава.
Вистински и достоен спомен во чест на жртвите во еден страшен и нечовечен период во човековата историја.
Многу импресивно, до степен на застрашувачко што се може да му се случи на еден народ, на еден човек. Холокаустот на Евреите мора да остане вечно запаметен и никогаш да не дозволиме да се повтори на било кого од човечкиот род.
Денес со моето семејство го посетивме Музејот на холокаустот на Евреите. Како ги гледавме сликите, вагонот и ја читавме историјата така и плачевме. Моето семејство се деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија, со исто така многу жална и потресна судбина. Посакуваме никогаш и никој да не ја доживее судбината на Евреите. Прекрасен музеј со најжално сведоштво. Македонија вечна.
„Куферот на Хана“ е необична вистинска приказна што ја оживува историјата на холокаустот и има цел да ги образува младите читатели за овој мрачен период кога било извршено едно од најголемите историски злосторства кон еден народ.
Пролетта 2000 година, директорката на еден мал образовен Центар на холокаустот во Токио, Фумико Ишиока, добива една многу важна пратка за изложбата што ја подготвува. Меѓу другите артефакти испратени од музејот „Аушвиц“, пристигнува и еден празен куфер. На него стои испишано името на сопственичката: Хана Бради, 16 мај 1931, сираче. Децата кои го посетуваат Центарот во Токио, одеднаш имаат наплив од прашања: Која била Хана Бради? Од каде потекнувала? Како изгледала? Како станала сираче? Што ѝ се случило?
Поттикната од љубопитноста на децата и од сопствената потреба да стигне до одговорите, Фумико се впушта во детективска работа, трагајќи низ светот по делчиња од сложувалката за животот на Хана Бради.
Карен Левин (родена 1955 година) е канадска радиопродуцентка и писателка. За своите радиодокументарци „Изгубена невиност: Децата од Втората светска војна“ и „Убиство во соседството“ има добиено две награди „Пибоди“, во 1989 и во 2001 година. Повеќе од 30 години има работено за Канадската радиодифузна корпорација („Си-би-си“), со ангажмани на емисии како што се „Неделно издание“ (The Sunday Edition), „Како што бидува“ (As It Happens), „Будење“ (Morningside) и „Ова утро“ (This Morning).
Нејзиниот радиодокументарец „Куферот на Хана“ освои златен медал на Меѓународниот радиофестивал во Њујорк. Во 2002 година ја објави книгата заснована на тој радиодокументарец. Книгата стана интернационален бестселер и има добиено повеќе престижни признанија како: книжевната награда „Сиднеј Тејлор“, за повозрасни читатели, Наградата за книга на годината на Канадското библиотечно здружение за деца, наградата „Флора Штиглиц Штраус“ и Меморијалната награда на Исак Фришвасер, за литература за деца. Влезе во потесниот избор за признанието „Норма Флек“ и за наградата на Генералниот гувернер, за литература за деца на англиски јазик.
Книгата доби и театарска адаптација, во режија на Емил Шер, а за неа беше снимен и документарен филм, во 2009 година, „Во куферот на Хана“.
Посетете ја нашата продавница и нарачајте онлајн. Продуктите ќе ви бидат доставени на домашната адреса преку карго.
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација