ОДБЕЛЕЖАНИ 20 ГОДИНИ ОД ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА


Со пригодна програма и промоција на книга, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше одбележан 20 годишниот јубилеј од почетокот на градбата на оваа значајна институција чија мисија е да ја чува меморијата за 7144 убиени Евреи од Македонија.
На присутните им се обрати Горан Садикаријо – извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ). За активностите превземени на почетокот на градбата и реализацијата на целиот проект, зборуваше Манојил Јаковлески – потпретседател на ФХЕМ, претставник од Владата на Република Северна Македонија. Пепо Леви – претседател на Еврејската заедница, зборуваше за геноцидот врз еврејското население од Македонија во Втората светска војна и деструктивноста на човековотот поведение кое не смееме да дозволиме да се повтори.
На настанот беше промовирана книгата „Евреите од Македонија и отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија“ од авторот Тихомир Каранфилов. Промотор на овој труд беше историчарот Тодор Чепреганов које воедно е и член на Управниот одбор на ФХЕМ.
На сите учесници кои го вградија своето знаење, стручност и експертиза во создавањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во знак на благодарност им беа врачени плакети.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN