Гостување на др.Амира Халперин во Македонија
Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија гостуваше Др. Амира Халперин - Виш научен соработник истражувач во Велика Британија (BICOM). Таа одржа две предавањa за различна публика, на тема: Предизвиците при спроведувањето на политиките за борба против тероризмот и влијанието врз глобалните општества по нападот од 7 октомври. Фокусот на д-р Халперин беше на терористичката закана во Обединетото Кралство и неуспехот на политиките во борбата против тероризмот. Како клучни точки на терористичкото влијание ги истакна универзитетските кампуси и социјалните мрежи.
Присутните ги поздрави извршниот директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо, а им се обрати и израелската амбасадорка Вивиен Ајзен.
Амбасадорката Ајзен и д-р Халперин го истакнаа антисемитизмот како глобална закана и во овој контекст ја нагласија скапата пропаганда и важноста од подигање на јавната свест, потребата од едукација и меѓусебна соработка во борбата против тероризмот.
Првото предавање беше наменето за членовите на Еврејската заедница и пратениците во Собраниетот на РСМ, а второто за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ кои ја следат Универзитетска програма за изучување на холокаустот.
Проф.др. Мишо Докмановиќ кој е раководител на Центарот за истражување на холокаустот, антисемитизмот и масовните злосторства во рамки на факултетот, ја истакна соработката меѓу Правниот факултет и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, апострофирајќи го значењето на темата за која зборуваше др. Халперин
Др. Амира Халперин одржа предавање и за студентите и професорите на Универзитетот Мајка Тереза.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација