УЧИЛИШЕН ПРОЕКТ НА ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА „Холокаустот низ призмата на детските очи“ 2021


ОСНОВНА И ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:

-Хармонија и соживот меѓу народите и спречување на деструктивни појави, како што се расизмот, антисемитизмот, ксенофобијата и  шовинизмот

-Подигање на свеста на учениците за меѓусебно почитување и соживот

-Чување на моралните и етички вредности и придржување кон истите

-Продлабочувања на знаењата здобиени во рамките на формалното образование

-Запознавање на учениците со еврејската култура, традиција, историја и културно наследство

-Запознавање на учениците со еврејските заедници на Балканот и животот на Сефардите на Балканот

-Запознавање на учениците со холокаустот во Македонија и регионот

Носител на проектот:

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Предмет на соработка:

Организирање на проект „Холокаустот низ призмата на детските очи“ со учениците во основните училишта во Р. С. Македонија

Во рамките на проектот ќе бидат реализирани три проекта:

1. Ликовен конкурс

2. Литературен конкурс

3. Дигитална содржина

Целна група:

Ученици од 7-мо, 8-мо и 9-то одделение, ликовните секции од основните училишта со поддршка на наставниците по мајчин јазик и литература, историја, граѓанско право, етика во религии и сите останати наставници, кои се заинтересирани за проектот.

Почеток на проектот:

10  февруари  2021 година

09 април 2021– Отварање на изложба составена од ликовни творби

(доколку дозволуваат условите, во спротивно ликовните творби ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот)

ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА:

18 мај 2021 година

-На завршната манифестација ќе бидат прочитани 3-те најдобри литературни творби, ќе биде прикажан најдобриот краткометражен документарен филм и ќе бидат доделени дипломите и благодарниците на учесниците во проектот. (доколку дозволуваат условите, во спротивно, литературните творби ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот, а сертификатите ќе бидат електронски)

Награди за најдобрите:

1 x 1,2,3 -то наградени – ликовен конкурс

1 x 1,2,3 -то наградени – литературен конкурс

1 x 1,2,3 -то наградени – дигитална содржина

.На сите учесници и наставници ќе им бидат доделени дипломи и благодарници за учество во проект „Холокаустот низ призмата на детските очи“.

Напомена:

Сите ликовни творби, литературни и дигитални содржини остануваат во сопственост на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Лица за контакт од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија:

Лилјана Лазаревска 071 399 011

Жакина Мучева 071 399 006

Елена Левеска 075 259 384

Сектор за истражување, архивирање и документација

маил: liljana.lazarevska@holocaustfund.org.mk

          info@holocaustfund.org.mk

1. ЛИКОВЕН КОНКУРС:

Проект за подготвување на ликовна творба

Техника:  КОЛАЖ (материјалот е по избор на учениците)

Ликовен проект:

Најдобрите ликовните творби на децата учесници во проектот на 09.04. 2021 година ќе бидат претставени во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, како дел од комеморативната програмата за одбележување на Јом Ашоа.  (доколку дозволуваат условите, во спротивно, ликовните творби ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот)

Пријавување на изработени ликовни творби:

Секое училиште може да учествува со 10 ликовни творби.

Изработените ликовни дела треба да бидат предадени во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија најдоцна до 20 март 2021 година

Доставување на ликовните творби на адреса:

Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

ул.11 Март бр. 2

1000 Скопје

2. ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС                                                    

Проект за пишување на литературна творба

Тема на творбите:

Да можев да ја сменам историјата ќе немаше холокауст

**Своите творби учениците можат да ги напишат како проза или поезија.

Пријавување на изработени литературни творби:

Менторот од секое училиште е потребно да направи селекција од најдобрите творби и да ги испрати, најдоцна до 16 април 2021 година

Доставување на литературните творби на адреса:

Изработените литературни дела треба да бидат испратени до 16 април 2021година, по електронски пат со назнака „ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС – Холокауст“ на следната е-меил адреса: liljana,lazarevska@holocaustfund.org.mk

Доделување на награди и сертификати

18.05. 2020 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

3.ДИГИТАЛНА СОДРЖИНА

Изработување на краткометражни документарни филмови

При изготвувањето на краткометражните документарни филмови учениците ќе треба да се задржат на темата „Приказна за спасени Евреи во холокаустот“

Времетраењето на изработените дигитални содржини да не надминува повеќе од 7 минути.

Доставување на дигиталната содржина:

Дигиталните содржини – краткометражните документарни филмови треба да се достават до Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија  електронски преку WeTransfer или да се достават на CD најдоцна до 25.04.2021 година.

Секое училиште учествува со еден или повеќе филмови.

Прикажување на победничкиот филм и доделување на награди и сертификати

18.05. 2021 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

(доколку условите дозволуваат, во спротивно, победничкиот филм ќе биде презентиран на ФБ и ВЕБ страните на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.)

Напомена:

Сите ликовни, литературни дела и дигитални содржини остануваат во сопственост на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Сите ликовни, литературни и дигитални творби ќе бидат жирирани од комисија составена од стручни лица

Лица за контакт од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија:

Лилјана Лазаревска, 071/399 011

Жаклина Мучева 071/399 006

Елена Левеска, 075/259 384

Сектор за истражување, архивирање и документација

маил: liljana.lazarevska@holocaustfund.org.mk

           info@holocaustfund.org.mk

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN