Изложбата ЕДЕН ЧАС - ONE HOUR, гостуваше во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов –Скопје


Изложбата ЕДЕН ЧАС - ONE HOUR, наменета за слабовидните и лицата со оштетен вид гостуваше во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов –Скопје. Изложбата се состои од 10 паноа. На секое пано има тактилна слика за музејски експонат од Меморијалниот центар на холокаустот, проследена со опис на Брајово писмо. На паноата има и фотографија и текст за сите оние што можат да ги видат, а се придружници на лицата за кои е наменета оваа изложба.
Целта на овој проект е зголемување на инклузијата и доближување на еврејското културно наследство до слепите и лицата со оштетен вид.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN