Што е тоа антисемитизам /Модерен антисемитизам
Поимот антисемитизам првпат го употребил Вилхем Мар во 1870 година, за да направи разлика помеѓу стариот антијудаизам и модерната политичка, етничка или расна опозиција кон Евреите. Терминот набрзо влезе во употреба и во другите јазици, па стана синоним, не само за непријателство кон Евреите во модерното време, туку ретроактивно почна да се применува за секој вид анимозитет кон Евреите низ историјата.
Постојат три главни облици на антисемитизам:
- Класичен (пагански)
- Христијански
- Модерен
Антисемитизмот своите корени ги влече од античко време, кога бил последица од нетолеранцијата на верската различност помеѓу паганските народи и евреите. Евреите биле предмет на христијанскиот антисемитизам затоа што христијаните ги сметале како одговорни за Исусовото распетие. Модерниот антисемитизам, за разлика од предходните, има расни елементи. Секој од овие случаи, колку и да се различни, доаѓаат од ист извор – различноста на евреите од нивното опкружување.
Паганскиот антисемитизам се темели на идејата за различноста на Евреите од околината. Христијанскиот имал иста основа, но на тоа се додадени гревовите за отфрлање и распнување на Исус. Освен тоа, христијанството себеси се перципирало како религија која се развила од јудаизмот и станало негов наследник, односно го заменило, со тоа јудаизмот гледано од христијанска перспектива станува ирелевантана религија и од Бога отфрлена религија.
Карактерот на модерниот антисемитизам (почетоците се бележат од 1688 година) е различен од класичниот (антички) или од христијанскиот, затоа што се темели на расни, а не на религиски премиси. Таквиот антисемитизам се развил за време на просветителството и тоа како последица на јакнење на националните чуства (различност во култура и јазик во однос на матичниот народ, имено, просветителството било во период во кој почнала да јакнее националната свест на групата, која делела култура, јазик,историја исти расни и вредносен состав, се поврзувале и политичките, економските и социјалните ентитети дефинирани со географските граници, кои денес групо се совпаѓаат со границите на европските нации; групите се обединуваат воено и политички под едно знаме и развиваат лојалност на нацијата; Евреите кои како група која не го делат јазикот со други, ниту културата, религијата и делумно општествените вредности, од поединци во тие национални движења се перципираат како аутсајдери , па дури и опасност за националната идеја.
Модерниот антисемитизам се базира на теоријата дека Евреите се инфериорна раса. Евреинот е Евреин не поради својата религија, туку заради карактеристиките на крвта, гените. Од тука произлегува и омразата од страна на ариевците, кои се чиста раса. Според нив, историјата покажала дека од белата раса потекнуваат сите цивилизации, а скапоцениот камен на оваа раса се Аријците кои преживеале како супериорна раса.
Новото време очигледно не е поштедено од старите фрустрации и стереотипи. Па затоа прифаќањето и почитувањето на различностите како основна карактеристика на современото време очигледно станува процес што повторно и повторно мора да се учи, без оглед дали жртвите и прогонувачите се во Аушвиц или во Сребреница.Дали тоа практично значи дека Декартовата максима „мислам значи постојам” од 17 век, четири века подоцна најксенофобичните ја редефинираат со „мразам, значи постојам?“
Нема народ што не страдал, но има такви што страдале, а не развиле сочувство за другите. Македонија во овој ментално интегриран простор, во кој владеел трговскиот дух и кој се развивал како еснафска средина познава поделби, но поради различни идеи и различни ставови, а не поради различна припадност. Познава квислинзи предавници, но не познава истребување поради расна основа. Таквото страдање не е дел од нашето искуство.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација