КРИСТАЛНА НОЌ


Кристална ноќ (Kristallnacht или Ноќ на скршено стакло) е акт на масивно прогонување на Евреите во цела Германија и делови од Австрија на 9 и 10 ноември, 1938 година. Домовите на Евреите биле опустошени во неколку германски градови, како и 8.000 еврејски дуќани, од страна на цивили и членови на СА, кои ги рушеле еврејските градби со токмаци, оставајќи ги улиците покриени со скршени прозорци и излози. Од таму доаѓа името „Ноќ на скршено стакло“. Многу Евреи биле претепани до смрт, а 30.000 Евреи мажи биле однесени во концентрациони логори, во најголем дел во Дахау, Бухенвалд и Захсенхаузен.
Повеќе од 1.668 синагоги и места за молитви, многу од еврејските гробишта биле уништени. Од уништените синагоги, некои биле стари со векови. Надгробни споменици биле урнати, а гробовите вандализирани. Биле палени огнови во кои фрлале молитвеници, свитоци, уметнички и филозофски текстови, а некои градби биле запалени или урнати до непрепознавање.
По оваа ноќ, еврејската заедница била казнета со 10 милијарди марки, а поправката на прозорците ги чинела 40 милиони марки. Многумина во Берлин се срамеле од погромот, а некои понудиле помош.
По погромот, германските Евреи биле прогонувани и иако биле веќе ограбени, им биле нанесени нови економски штети. Биле принудени да платат колективна казна од милијарда марки за убиството на фом Рат, казна која била извршена со одземање на 20% од имотите на Евреите во државата. Сума од шест милиони марки осигурителна исплата за оштета на имот требало да биде исплатена на владата.
Бројот на Евреи бегалци се зголемил, така што во наредните десет месеци по Кристалната ноќ, повеќе од 115.000 Евреи емигрирале од Рајхот, од кои повеќето заминале во другите европски држави, во САД и Палестина, а најмалку 14.000 заминале во Шангај, Кина. Како дел од владината политика, нацистите го присвоиле имотот на оние што избегале. Голем дел од уништените остатоци кои биле ограбени за време на Кристалната ноќ, биле фрлени близу Бранденбург.
Реакциите на не-Евреите во Германија по Кристалната ноќ биле различни. Многумина тивко набљудувале, а пожарникарите внимавале само да не се пренесе огнот на соседните градби.
Кристалната ноќ предизвикала меѓународна реакција, и го дискредитирала нацистичкото движење во Европа и Северна Америка. Многу весници објавиле осуда. САД го отповикале својот амбасадор, иако не ги прекинале дипломатските односи, а владите на други земји ги прекинале дипломатските односи со Германија. Владата на Велика Британија одобрила програма за деца бегалци. Мислењето на светот остро се свртело против нацистичкиот режим, а некои политичари повикувале на војна. На 6 декември 1938 година, Вилијам Купер, политички активист, Абориџин, предводел марш низ Мелбурн до германскиот конзулат, за да остави петиција со осуда за суровиот прогон на Евреите од страна на нацистичката влада во Германија, која германските официјални лица во конзулатот одбиле да ја земат.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN