МАЈДАНЕК


Концентрациониот логор Мајданек (познат и како Лублин) бил германски концентрационен логор и логор на смртта лоциран блиску до градот Лублин. Првичната цел на кампот била да се сместат разни затвореници кои ќе бидат принудени да работат, но набргу по неговото отворање, бил претворен во логор на смртта. Логорот бил во функција од 1 октомври 1941 година до 22 јули 1944 година. Советите го окупирале скоро без никаков напор или бомбардирање, па затоа е исклучително добро зачуван. Поради брзото напредување на ослободителните сили, раководителите на кампот не биле во можност да отстранат докази што укажуваат на воени злосторства и злосторства против човештвото. Мајданек бил првиот концентрационен логор, откриен и ослободен од сојузничките сили.

Логорот бил замислен како место за задржување на воени заробеници на Источниот фронт, пред се на советските војници. Првичните планови предвидувале простор што може да собере 25.000 луѓе одеднаш.

Откако започнала голема офанзива на Источниот фронт, бројот на воени заробеници се зголемувале секој ден, така што плановите се менувале и логорот бил проширен за дополнителни 25.000 места. Во март 1942 година, плановите предвидувале постоење на околу 250.000 места за затвореници. Но логорот никогаш во својата историја немал капацитет од над 50.000 места.

Околу 150 Евреи од другите концентрациони логори низ Полска работеле во раните фази на изградбата. Во подоцнежниот период на градба и проширување, учествувале околу 2.000 советски затвореници кои преживеале екстремни и нехумани услови и лишување од сон. Во изградбата на кампот зумреле над 1.500 луѓе, или од глад или од екстремен умор. Сите Евреи кои учествувале во изградбата на логорот, умреле.

Логорите Мајданек, Хелмно, Собибор, Треблинка и Белжец биле дел од „операцијата Рајнхард“ во која биле убиени повеќе од 2 милиона луѓе, главно Евреи. Мајданек бил првично логор за принудна работа, но подоцна бил претворен во логор на смртта. Затворениците биле убивани со Циклон-Б или биле убивани од Травники - Trawnikis (избрани затвореници кои за да останат живи, ги убивале затворениците).

Во средината на октомври 1942 година, во логорот Мајданек, според официјалните податоци, имало запишано 9.519 затвореници (7.468 Евреи и 1.884 не-Евреи Полјаци). До август 1943 година, во логорот имало 16.206 затвореници (9.105 Евреи и 3.894 не-Евреи Полјаци). Останатите затвореници биле Белоруси, Украинци, Руси, Италијани, Французи и Холанѓани. Специфичноста на логорот Мајданек е во тоа што во него од октомври 1942 година имало жени супервизори и чувари. Тие биле членови на нацистичката СС. После војната им било судено за воени злосторства. Во есента 1943 година Мајданек ги добил своите под-логори, односно логорите кои биле директно под управа на врвот на Мајданек. Некои од камповите се Буџин- Budzyn, Травники - Trawniki, Пониатова - Poniatowa, Красник- Krasnik, Пулави - Pulawy и други. Бидејќи логорот се наоѓал недалеку од градот Лублин, затворениците имале можност да комуницираат со надворешниот свет преку шверцувани писма од цивилни работници кои го посетувале логорот. Денес, во музејот Мајданек можат да се видат сочувани писма што биле шверцувани во Лублин.

Од февруари 1943 година, СС дозволил влез на хуманитарна помош од Црвен крст од Полска и други здруженија и организации. На 3 ноември 1943 година, во логорот Мајданек се случило најмасовното убиство на Евреите. Тој ден биле убиени околу 18.400 луѓе. Дваесет и пет Евреи успеале да ја преживеат егзекуцијата, но биле пронајдени и погубени следното утро. На 611 затвореници (311 жени и 300 мажи) кои биле останти во логорот и им било наредено да ја отстранат облеката од нивните тела и да ги закопаат. 311 преживеани жени постепено биле праќани во Аушвиц. Егзекуцијата на преостанатите затвореници продолжила и во наредните месеци, а во периодот декември 1943 година и март 1944 година во Мајданек пристигнале околу 18.000 инвалиди кои подоцна биле убиени со токсичниот гас Циклон-Б.

Команданти на Мајданек биле:

Карл Ото Кох Karl Otto Koch (од септември 1941 година)

Макс Когел Max Koegel (август 1942 година - септември 1942 година)

Херман Флорстет Herman Florstedt (ноември 1942 година - октомври 1943 година)

Мартин Готфрид Вајс Martin Gottfried Weiss (ноември 1943 година - мај 1944 година)

Артур Либехеншел Arthur Liebehenschel (мај 1944 - јули 1944 година)

Првичните проценки покажувале дека бројот на убиени е околу 78,000 луѓе, од кои 59,000 биле Евреи. Одредени историчари и истражувачи проценуваат дека овие бројки биле многу поголеми, па судијата Здислав Чукашкиевич (Zdzisław Łukaszkiewicz ) во 1948 година објавил бројка од 360.000 жртви, а Чезулав Рајка (Czesław Rajca), вработен во музејот Мајданек, во 1992 година објавил бројка од околу 235.000 жртви. Советите исто така имаат проценка за жртвите кои ги обзнаниле за време на повоените судења, а тоа е околу 400.000 Евреи, вкупно околу 1,5 милиони луѓе од сите националности додека функционирал логорот за време на Втората светска војна.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN