Со неизмерна тага и длабока болка, Еврејската заедница во Р. Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изразуваат најдлабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите и до сите погодени од оваа ужасна трагедија.
Како заедница која знае колку е тешка загубата, го споделуваме вашето страдање и се соживуваме со болката на секој кој ги изгубил своите најблиски. Во овие тешки моменти, потребни се сплотеност, солидарност и заедничка поддршка.
Ги повикуваме граѓаните на смиреност и единство, а институциите на максимална посветеност и поддршка за сите погодени од оваа трагедија.
Нека во овие моменти на тага преовладуваат хуманоста и грижата за оние на кои им е најпотребна.
На сите повредени и хоспитализирани, им посакуваме брзо и успешно закрепнување, со надеж дека наскоро ќе се вратат во кругот на своите најблиски.
Во знак на сочувство и одговорност кон општеството, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе донира парични средства за помош на семејствата на настраданите.
Zichronam Livracha!
Нека сеќавањето на нив биде благослов!