Комеморација во Битола


На 9 март во Битола беше одбележана 82 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола.

По посетата не Еврејските гробишта и комеморативната програма во просториите на Советот на општина Битола, бројни делегации положија цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара, во дворот на здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“. Во оваа пригода, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски истакна дека одговорноста на сите нас, како поединци и како општество во целина е да не дозволиме страдалните приказни од минатото да се повторат, да се бориме против неправдите, омразата и дискриминацијата.

„Битола оддава почит на над 3.300 наши сограѓани, еснафи, лекари, занаетчии, сите оние кои го споделувале животот со граѓаните на Битола. Соживотот нема цена, пријателството, мирот и соработката се атрибути што треба да ги почитуваме“ - Градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски

На споменикот на депортираните Евреи од Битола беше испратена поерака. "Пораката од Битола и од Македонија до светот е дека мора да споменуваме бидејќи секому може да се случи, а повеќе нема преживеани што ќе може да раскажуваат и да кажуваат за кобното утро и воопшто за Холокаустот. Ние потомците од Еврејската заедница сме тука за гласно да говориме за никому да не се повтори“ -  член на управен одбор на Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија, Радојка Хелман Денковска.

Одбележувањето заврши на железничката станица во Битола, од каде што пред 82 години, 3351 припадник на битолските Евреи, беа депортирани  во логорите на смртта.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN