THE NIGHT


Author: Eli Wiesel

Publisher: Holocaust Fund of the Jews from Macedonia, Ars Libris

Year: 2019

Language: Macedonian 

ISBN: 978-608-471-309-8

Number of pages: 136

Книгата мемоари „Ноќта“ на нобеловецот Ели Визел (1928-2016) најавтентично го опишува холокаустот низ очите на авторот, кој како 15-годишно момче го преживеал холокаустот во Аушвиц. Визел раскажува за неговиот живот во концентрациониот логор, опфаќајќи настани од крајот на 1941 до 1945 година.

„Никогаш нема да ја заборавам првата вечер во логорот кој го претвори мојот живот во една долга ноќ, ... Никогаш нема да го заборавам тој чад. Никогаш нема да ги заборавам малите лица на децата, чии тела што ги видов се претворија во венци од чад под тивкото сино небо “.

Младиот наратор е втурнат во ужасите на нацистичките логори. Таму станува А-7713, лишен од име, самодоверба, идентитет. Живее со глад, исцрпеност, студ, страдање, бруталност, егзекуции, суровост, пропаѓа во сопствените размисли измешани со пламенот и чадот што доаѓаат од крематориумите - германските фабрики за смрт. Во касарната за терор, каде ја гледа смртта на неговата мајка и седумгодишната сестра, неговата религиозност се разнишува. Светот повеќе не го претставува Божјиот ум. Споредувајќи се себеси со Јов, огорчено го моли Бог да објасни за таквото зло. Последната слика на автобиографијата го покажува Визел како се гледа себеси во огледало: телото и душата се ранети, но ноќта и неговите кошмари конечно завршија.


Any help from you is more than welcome.

Donate to continue with the successful work and education

MK EN