Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ ја продолжува хуманитарната работа на овој голем филантроп, поврзана со грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Република Македонија. По повод денот на раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински, денеска на пригодна свечаност беа доделени наградите и признанијата.
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, доби признание и сертификат за подобрување на пристапноста и едукација на лицата со попречености.
Голема благодарност до Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“.
Продолжуваме и натаму со грижата за лицата со попречености!