Избрани најдобрите литературни творби на конкурсот „Холокаустот низ призмата на детските очи“


Жири комисијата за оценување на литературните творби од училишниот проект „Холокаустот низ призмата на детските очи“ организиран и реализиран од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ги избра најдобрите три.
Жири комисијата во состав:
1. Емилија Блажевска – наставник по македонски јазик и литература од Охрид,
2. Дијана Петрова - добитник на прва награда на литературниот конкурс „Раскажувам фотографија 2023“, автор и професор по македонски јазик и литература
3. Кристина Дукоска – лектор и јазичен уредник
4. Жаклина Мучева – претставник од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија
На овогодинешниот литературен конкурс со тема „Името ми е Жолта Ѕвезда“ пристигнаа 45 творби на ученици од 6-то до 9-то одделение.
Во оценувањето комисијата се водеше од точната фактологија, оригиналноста на творбите, поврзаноста со темата, адекватноста на изразот спрема возраста, книжевниот стил, како и почитувањето на правописните законитости. Формата на пристигнатите творби беше проза и поезија. Еве кои три наградени ученички творби ги избра жири комисијата:
ПРВА НАГРАДА
Фросина Христовска 7-3 одд.
ООУ „Љубен Лапе“ – Скопје
Ментор: Јулијана Димовска
ВТОРА НАГРАДА
Андреа Атанасовска 8б одд.
ООУ ,,Кочо Рацин” – Скопје
Ментор: Славица Мирчевска
ТРЕТА НАГРАДА
Филип Славкоски 8 в одд.
ООУ “Стив Наумов” – Битола
Ментор: Магдалена Сајкова
Наградените творби ќе ги објавиме на нашата ФБ страна од утре (секој ден по една) https://www.facebook.com/fondnaholokaustot
Им честитаме на наградените ученици и ментори и ви благодариме за трудот.
Завршната манифестација е на 30 мај во 12.00 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Се покануваат сите учесници да присуствуваат за да им ги врачиме наградите и благодарниците.
 
 
 
 
 
 
 

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN