Мисија


 

„Омразата не води кон добро, а заборавот е предавство и неблагодарност кон тие што платија со живот“ - Ели Визел Оваа мисла на големиот миротворец Ели Визел ја одразува суштината на активната меморија за деструктивноста на човековото поведение, од која произлегува мисијата на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Основна цел на Фондот е:

Да овозможи преку наменска денационализација, имотите на Евреите на територијата на РМ, кои што тие ги напуштиле со присилна депортација во фашистичките логори, а не го преживеале погромот и немаат наследници не останат во сопственост на државниот имот, туку тој имот да се стави во функција на трајно обележување на холокаустот на Евреите во Македонија. Учество во изградба на Македонскиот Меморијален Центар на холокаустот на Евреите од Македонија; Одржување на Центарот, управување и раководење со неговата работа и активности.

Други цели на Фондот се:

Негување на Еврејската култура и традиција и проучување на животот и работата на Евреите на овие простори со организирање на предавања, семинари и други активности од оваа област; Заштита и ревитализација на Еврејските споменици; Собирање на историски материјали и податоци за Евреите на овие простори; Понатамошно унапредување на односите помеѓу сите граѓани на Македонија со еврејскиот народ во светот, како на пример за братство и хармонија на народите и спречување на деструктивни појави, како што се расизмот, антисемитизмот и шовинизмот.

Основни задачи на Фондот се:

Истражување на имињата и презимињата на Евреите, кои што ги напуштиле своите имоти на територијата на РМ, преку присилна депортација во фашистичките логори, а не го преживеале погромот и немаат наследници; Истражување и прибирање на потребните податоци за имотите на овие Евреи. Прибирање на имотите од претходниот став во основните средства на Фондот.

Други задачи на Фондот се:

Организирање и помагање на духовни, културни и интелектуални дејности со еврејска тематика, како и творештвото воопшто; Учество во публикации и научни трудови на тема меѓунационална и меѓуконфесионална толеранција и соживот; Развивање на форми на ангажирање и учество на Граѓаните Евреи и нивните друштва во севкупниот јавен живот; Одржување на споменот на Еврејскиот холокауст, со цел да се спречат слични геноциди и страдања; Одржување на сеќавањата на Евреите во Македонија, нивната традиција и нивниот двомилениумски придонес во сите сегменти на заедничкото живеење; Други цели и задачи, согласно Законот и Статутот. За постигање на своите цели и задачи Фондот својата работа може да ја координира, како и да соработува со сродни фондации, организации, институции, физички и правни лица во нашата држава и странство.

Чл.10

Фондот своите цели и задачи ги реализира преку:

Прибирање на податоци и информации за потребите на Фондот, а во соработка со државните институции и органи, научни институции, Архиви, ДЗГР-одделенија за премер и катастар, МАНУ, факултети и слични организации како и стручна помош од Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и други. Организирање на советувања, семинари, конференции, изложби, претстави, проекции и слично; Публикување на повремени печатени материјали, публикации и слично, Стипендирање на ученици и студенти во областа на човековите права и слично со посебен фокус на меѓуетничката и меѓуконфесионална соработна, разбирање и соживот. Меѓународна соработка по сите горенаведени основи, а согласно позитивните законски норми. Превземање на други активности заради остварување на програмските цели и задачи.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN