ПЕПО ПЕСО


Пепо Песо е роден во 1918 година во Битола, како едно од трите деца на Малка и Јаков Песо. Потекнува од сиромашно еврејско семејство, а поради околностите во кои живеело неговото семејство, не бил во можност да се школува и бил принуден да изучива стакларски занает за да може да придонесува за егзистенцијата на неговото семејство.

Пепо од рана возраст припаѓал на кругот на напредната младина во Битола. Бил член на Сојузот на комунистичка младина на Југославија и бил еден од првите Евреи од Битола што му се приклучиле на движењето на отпорот.

Водачите на движењето на отпорот од Битола, предводени од Стив Наумов започнале да преземаат мерки за формирање на борбени групи во околината на Битола. Во април 1942 година во близина на селото Лавци, на Баба Планина, Пепо Песо учествувал во формирањето на првиот партизански одред (воена формација со партизани од Битола) именуван како „Пелистер“. Одредот постоел кратко време. Одредот бил слабо вооружен и без воено искуство, а по судирите со професионалната фашистичка војска, која била добро снабдена и со многу колаборационисти, одредот бил опколен и  разбиен. Во овој судир на партизанскиот одред „Пелистер“ со бугарската фашистичка војска учествувал и загинал и Пепо Песо, како еден од првите партизани Евреи од Битола.

Овој настан бил уште едно сведоштво дека за ослободувањето на Македонија, требало да се поддржи отпорот против Германските нацисти и Италијанските и Бугарските фашисти.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN