Учениците од 9 одделение беа ставени во улога на кустоси на изложбата и на тој начин преку фотографиите и текстовите на паноата учеа за концентарциониот логор Аушвиц. Со помош на наставникот по историја Сашо Андонов и Маја Трајковиќ – библиотекар во училиштето, тие успеаа да ги увидат фактите и историските моменти од еден период на човештвото кој не треба никогаш да се повтори.
Фотографиите кои се дел од оваа изложба го прикажуваат пристигнувањето на транспортите од Унгарија во Аушвиц- Биркенау, пролетта 1944 година. Албумот брои 56 страници и содржи 193 фотографии кои ги прикажуваат фазите на третман на Евреите по пристигнувањето во центарот за убивање, но ниту една фотографија не сведочи за убиствата.
Голема благодарност за учениците за издвоеното време и желбата да научат нешто повеќе, за наставниците и нивниот ангажман, и секако на директорката Наталија Делева за соработката и гостопримството.