Што е гето


Гето е дел од градот кој го создава одредена етничка, расна, социјална или класна група, која е издвоена преку разните облици на општествениот, економскиот или правниот притисок.
Зборот „гето“ прв пат е употребен за опис на Венецијанското гето („ghèto“), а потоа и за еврејското гето во Европа. Етимолошки, овој збор потекнува од италијанскиот збор „getto“, што значи да се исфрли, или од грчкиот збор „гетонија“, што значи населба. Близок е и италијанскиот израз „borghetto“ кој означува мала градска област.
Во германскиот јазик се користи изразот „Judengasse“ (еврејска улица или област). Во Мароко еврејските гета се нарекуваат „мела“.
Денеска терминот „гето“ се користи и за сиромашните градска подрачја, особено во САД. Таму се појавил изразот рурален гето, кој опишува заедница надвор од урбаната зона, слично на каравани, работнички колиби и индиски резервати.
Гетата се создаваат на три начини:
• Како заедница на доселеници (посебно ако заедницата е расно хомогена)
• Кога поголемиот дел од заедницата со насилство, бојкот или законски принудува малцинството да живее во одредена зона
• Кога заедницата се самоизолира благодарение на својата финансиска моќ
Нацистички гета
Со инвазијата на Полска за време на Втората светска војна, режимот на нацистичка Германија постави гета низ окупирана Европа, со цел да ги раздвои и загради Евреите, а понекогаш и Ромите, на мали простори од градовите. Имало неколку различни видови: отворени и затворени гета, работни, транзит и гета за уништување, како што е дефинирано од историчарите на холокаустот. Во голем број случаи, тие биле место на еврејскиот подземен отпор против германската окупација, колективно познат како „востание во гето“.
Првото гетото во Втората светска војна е создадено на 8 октомври 1939 година во Piotrków Try-bunalski (38 дена по инвазијата), и Tuliszków гетото, создадено во декември 1939 година. Првото големо гето е Лоѓ, создадено во април 1940 година и Варшавското гето во октомври. Повеќето еврејски гета биле основани во 1940 и 1941 година. По создавањето, многу гета биле запечатени однадвор, биле оградени со барикади или затворени со бодликава жица. Секој Евреин пронајден надвор од гетото можело да биде застрелан. Варшавското гето, кое се наоѓало во срцето на градот, било најголемото гето во нацистичката окупирана Европа, со над 400.000 Евреи на површина од 3,4 км2. Гетото Лоѓ било второ по големина, со околу 160.000 луѓе. Вакви гета имало најмалку 1.000 во германска окупирана и анексирана Полска и Советскиот Сојуз.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN