Зошто да учиме за холокаустот


Суштинско е разгледувањето за тоа како најдобро да се направи какво било испитување на холокаустот, кој ќе биде значаен и релевантен за учениците во нивните националните контексти. Овој дел е наменет да им помогне на креаторите на политики, раководството на училиштата, наставниците и други учесници во образованиот систем за што подобро да ги формулираат образложенија за предавање и учење за холокаустот преку споделување најразлични цели. Ова е од особено суштинско значење за земјите членики на ИХРА, кои се посветени на наставата и учење за холокаустот во нивните земји.

Предавањето и учењето за холокаустот дава суштинска можност за да се инспирира критичко размислување, општествена свест и личен развој. Холокаустот беше пресвртен настан во светската историја, опфаќајќи ги географските граници и влијанија на сите сегменти на општествата. Децении подоцна, општествата продолжуваат да се борат и со меморијата и со историскиот запис на холокаустот среде современи предизвици. Ова го вклучува постојаниот антисемитизам и ксенофобија, геноцидите во светот, тековната бегалска криза и заканите за многу демократски норми и вредности. Ова е особено релевантно поради подемот на владите во авторитарен стил, како и поради популистичките или екстремни движења во (либерални) демократии. Наставниците во формалното образование (како што се училиштата) и едукаторите во неформалното образовани (како на пр. музеи и други такви субјекти) можат да ги ангажираат учениците преку одговорни историски пристапи засновани врз факти, изведени од други дисциплини. Иако е уникатен во времето и место, холокаустот сепак беше човечки настан кој отвара предизвикувачки прашања: за индивидуална и колективна одговорност, значењето на активното државјанство и за структурните и општествените норми, кои можат да станат опасни за одредени групи и општеството како целина.

 

Клучни аргументи за учење на холокаустот

 

  1. Холокаустот беше невиден обид за убиство на сите европски Евреи, а со цел да ја згасне и нивната култура; фундаментално да ги оспори темелите на човечките вредности.

  2. Студијата за холокаустот потенцира дека геноцидот е процес што може да се предизвика или стопира, отколку да се нарече спонтан или неизбежен настан. Холокаустот покажа како еден народ може да ги искористи своите бирократски структури, процеси и техничка експертиза при вклучување на повеќе сегменти од општеството за спроведување на политики, кои со текот на времето почнувајќи од исклучување и дискриминација, можат да завршат до геноцид.

  3. Истражувањето на историјата на холокаустот може да ги прикаже улогите на историските, социјалните, религиозни, политички и економски фактори при ерозијата и распадот на демократски вредности и човекови права. Оваа студија може да ги натера учениците да развијат разбирање на механизмите и процесите што водат до геноцид и од друга страна да ги доведе до приспитување за важноста на владеењето на правото и демократските институции. Ова може да овозможи учениците да ги идентификуваат околностите што можат да ги загрозат или да ги еродираат овие структури и да ја поттикнат нивната улога и одговорност во заштитата на овие принципи со цел да се спречи кршењето на човековите права, кое може да ескалира во масовни злосторства.

  4. Предавањето и учењето за холокаустот е можност да се разоткријат и анализираат одлуките и дејствијата преземени (или не преземени) од страна
    на низа луѓе во појава на време на криза. Ова треба да биде потсетник дека решенијата имаат последици, без оглед на сложеноста на ситуациите во кои се преземаат. Холокаустот вклучува низа на поединци, институции, организации
    и владини агенции на локално, национално, регионално и глобално ниво. Анализирање и разбирање на преземени или не преземени активности на различни нивоа за време на холокаустот поставуваат комплицирани прашања за тоа како индивидуите и групите одговориле на настаните за време на холокаустот. Дали фокусот е ставен на политичките пресметки на нациите или дневните грижи на поединците (вклучително и страв, вршен притисок, алчност или рамнодушност, на пример), јасно е дека динамиката која ја чувствуваме познато и обично, доведе до вонредни исходи.

  5. Предавањето и учењето за холокаустот може да им овозможи на учениците посериозно интерпретирање и евалуација на културни манифестации и претстави за овој настан, а со тоа да се минимизира ризикот од манипулација. Во многу земји, холокаустот стана тема или мотив што обично се забележува и во популарната култура и во политичката дискурс, честопати преку медиумско претставување. Наставата и учење за холокаустот може да им помогне на учениците да идентификуваат нарушување и неточност кога холокаустот се користи како реторички уред во служба на социјални, политички и морални агенди.

  6.  Предавањето за антисемитизам во контекст на нацистичката идеологија ги осветлува манифестациите и последиците од предрасудите, стереотипите, ксенофобијата и расизмот. Антисемитизмот опстојува и по холокаустот, а доказите покажуваат дека тој е во пораст. Предавањето и учењето за холокаустот создава форум за испитување на историјата и еволуцијата на антисемитизмот – суштински фактор што го овозможи холокаустот. Испитување на различните алатки, кои се користат за промовирање на антисемитизам и омраза, вклучително и говорот на омраза, пропаганда, манипулација со медиумите и групно насилство, може да им помогне на учениците да ги разберат механизмите што се користат за поделба на заедниците.

  7. Предавањето и учењето за холокаустот исто така можат да ги поддржат учениците во одбележување на комеморацијата во име на жртвите на холокаустот, кои станаа културна пракса на дел од многу земји. Како дел од нивните наставни програми, учениците честопати се поканети да учествуваат во меѓународни и локални меморијални денови и комеморативни настани. Комеморација не може да

    го замени учењето, но студијата за холокаустот е од суштинско значење за да им помогне на учениците да го градат тоа неопходно знаење и разбирање за значајни денешни комеморации и да ја продолжат оваа културна пракса во иднина. Слично на тоа, комеморацијата може да помогне учесниците да се вклучат со емотивен труд што претставува дел од изучувањето чувствителна или трауматска историја, создавајќи простор за филозофско, религиозно или политичко претставување, чиј академски курикулум не може да го акомодира.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN