БУХЕНВАЛД


Бухенвалд заедно со неговите придружни кампови бил еден од најголемите концетрациони логори на територијата на Германија пред почетокот на Втората светска војна. Уште во 1937 година на околу 10тина километри од Вајмар бил изграден првиот логор. Основната цел на кампот била „борба“ на политичките противници, осудени Евреи, синти и роми, т.н. странци во заедницата како хомосексуалци, бездомници, јеховини сведоци и поранешни осуденици. Најпрво под надзор на СС властите логорот служел како машки затвор, додека жените не биле дел од логорот Бухенвалд се до крајот на 1943 година. Главниот логорот бил ограден со електрична жичана ограда како и вооружена стража.

Логорот започнал со работа на 15 јули 1937 година како затворски центар под водство на Карл Коч. Најпрво логорот бил именуван како Етерзберг, а подоцна го сменил името во Бухенвалд.

Во почетокот најчести затвореници во логорот Бухенвалд биле политичките затвореници, меѓутоа во 1938 година по Кристалната ноќ во логорот биле пратени околу 10 000 Евреи врз кои бил спроведуван суров третман по пристигнувањето. Во овој период покрај Евреите и политичките затвореници во овој логор биле испратени и воени дезертери, јеховини сведоци и роми, а по почетокот на Втората светска војна биле сместувани и заробени борци од движењето на отпорот, поранешни владини преставници на окупираните земји и слично.

Од почетокот на 1940 година започнало и изведување на медицински експерименти врз затворениците во логорот кои тестирале ефикасност на вакцини за различни болести. За време на војната Бухенвалд бил важен извор на бесплатна работна рака, а до февруари 1945 година бил достигнат врвот на бројот на затвореници кој изнесувал 112 000.

Дел од затворениците биле ангажирани на работа во каменолом, како и неколку фабрики за воена логистика кои биле отворени во непосредна близина на логорот.

На логорот Бухенвалд биле надоврзани вкупно 88 подлогори распоредени низ Германија, како и Бохемија и Моравија во Чешка и Словачка. Вкупно околу 280 000 затвореници биле дел од логорот Бухенвалд и неговите подлогори.

До крајот на војната логорот Бухенвалд бил најголемиот концентрационен логор на територијата на Германија. Околу 56 000 затвореници умреле во логорот како резултат на тортура, експерименти, гладување и лошите услови во кои живееле, а повеќе од  8000 советски затвореници биле стрелани во посебно изграден објект за таа намена.

Со напредувањето на советската армија од исток на почетокот на 1945 година во Бухенвалд биле сместени околу 10 000 затвореници од логорот Аушвиц и Гросросен. На 11 април 1945 година затворениците во логорот успеале да ја превземат контролата во логорот, по што сојузничките сили влегле во логорот каде затекнале повеќе од 21 000 затвореници.

 

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN