НАГРАДА - МУЗЕЈ НА ГОДИНАТА
Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) ја додели годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 година.
За 2019 година, наградата - Музеј на годината ја доби нашиот Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија за проектот „Постојана изложбена поставка“.
Претседателот на МНК ИКОМ, Маја Чанкуловска - Михајловска му ја врачи наградата на извршниот директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација