Во рамки на меѓународниот проект „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа третиот од десетте семинари кои се планирани да се реализираат во период од две години.
Викенд семинарот (14 и 15 мај) беше со наслов „Односи со јавност и промоција на музејско работење“.
Љубица Ангелкова, новинар со долгогодишно искуство во медиумите и со ангажмани во организации и институции кои лобирале во создавањето на медиумската регулатива во изминатите 25 години.
Верица Јорданова, осовач и сопственик на веб порталот Иновативност, долгогодишен новинар во областа на економијата и бизнис и магистер по стратешко комуницирање. докажани експерти во оваа област.
Учество зедоа 10 музејски работници, одговорни за маркетинг и пи-ар во матичните куќи.
Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.