Успешно реализиран уште еден семинар од меѓународниот проект ЕДУКОН со наслов „Сите бои на конзервацијата“.
Предавач беше Кристина Хорјак од Народниот музеј во Белград, Србија, а учествуваа 12 конзерватори од нашава земја.
Првиот ден учесниците дискутираа за техниките и условите во кои се изведуваат конзерваторските работи. Предавачот Кристина Хорјак презентираше пример – уметничка слика на која се работело во нивната лабораторија. Стана збор и за видови на материјали кои се користат, подготовка на документација и секако размена на искутва околу начинот на конзервација на оштетени уметнички дела од разни фактори.
Вториот ден од Меморијалниот центар семинарот продолжи во Национална галерија на Македонија каде се разгледуваа и дијагностицираа уметнички слики оштетени од разни фактори. Искутвата и досегашната работа на конзерваторите се споделуваа и се предлагаа техники за санација на штетите.
Меѓународниот прокет „Едукон“ (EduCon) е поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија, а во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје.
Во текот на оваа година беа реализирани пет семинари на различни теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика и др. во соработка со искусни предавачи од Балканот.
Благодарност до директорката на Национална галерија на Македонија за можноста да се работи во Даут пашин амам, Дита Старова Ќерими.
Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.