РАБОТНА ДЕФИНИЦИЈА ЗА АНТИСЕМИТИЗМОТ
Законски необврзувачката Работна дефиниција за антисемитизмот на ИХРА беше усвоена во 2016 година и оттогаш е усвоена или одобрена од бројни држави и владини тела.
На 26 мај 2016 година на пленарна седница во Букурешт е решено:
Да се усвои следната правно необврзувачка Работна дефиниција за aнтисемитизмот:
“Антисемитизмот е одредена перцепција кон Евреите, која може да се изрази како омраза кон Евреите. Реторичките и физичките манифестации на антисемитизмот се насочени кон Евреи или не-Евреи и/или нивниот имот, кон институции на Еврејската заедница и верски објекти.”
ИХРА ќе работи водејќи се од следниве примери кои можат да послужат како илустрација:
Антисемитските манифестации може да бидат насочени и против државата Израел, која се смета за еврејски колектив. Меѓутоа, доколку критикувањето на државата Израел е слично на она упатено до која било друга држава тогаш не може да го сметаме за антисемитизам. Антисемитските напади честопати ги обвинуваат Евреите за заговори со цел да му наштетат на човештвото, а честопати ваквите напади се користат за да се обвинат Евреите за „лошото одвивање на работите во светот“. Антисемитизмот се изразува преку говор, пишување, преку слики и дела и користи несоодветни стереотипи, како и негативни карактерни особини.
Современите примери на антисемитизам во јавниот живот, медиумите, училиштата, работните места и религиозниот живот можат да бидат следните, доколку се земе во предвид севкупниот контекст:
Антисемитските акти се кривични дела, кога истите се утврдени со закон (на пример, во некои земји постои негирање на холокаустот или дистрибуција на антисемитски печат).
Антисемитски кривични дела се оние кога за цел на напади, без оглед дали се работи за луѓе или имот – како што се згради, училишта, места за молење и гробишта – се избрани бидејќи се сметаат дека се еврејски или се поврзани со Евреите.
Антисемитска дискриминација е кога на Евреите им се попречува да ги користат можностите или услугите кои што им се достапни на другите луѓе, а што е во спротивност со законот во многу држави.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација