Работилница и изложба по повод „Кристална ноќ“


На 9 ноември, пред 85 години се случи „Кристална ноќ“ или „Ноќ на скршено стакло“. По тој повод во Меморијалниот центар на холокаустот беше одржана работилница со учениците од ООУ Петар поп Арсов на која се зборуваше за настаните кои се случиле на 9 и 10 ноември 1938 година. На работилницата беше презентиран филмот за Ана Франк во продукција на Фондот на холокаустот, а учениците добија одредени задачи кои требаше да се презентираат и да поттикнат на дискусија.
По работилницата ја отворивме изложбата на различни изданија на книгата „Дневникот на Ана Франк“. Изложбата се состои од 15 изданија на дневникот, објавени на повеќе јазици и печатени низ годините почнувајќи од 1957-2020 година. Книгите се дел од фондот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
Им благодариме на учениците од 9 одделение, наставничката по историја и граѓанско - Наташа Стефановска и директорката на ОО Петар Поп Арсов - Даниела Штерјова за учеството на настанот.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN