Наши гости беа децата од летното училиште EUROKIDS Language Factory - место каде јазиците се изучуваат на најзабавен начин. Во Меморијалниот центар на холокаустот слушнаа многу интересни приказни поврзани со животот, обичаите, традицијата на Евреите од Македонија. Се стекнаа со нови знаења и открија интересни факти за молитвениот дом на Евреите - синагога, зошто Меморијалниот центар е изграден од другата страна на Вардар, каде живееле Евреите во Скопје, што е Тора и како се изработува, чува и чита.
Дружењето го крунисавме со работилница на која научија што е тоа Менора, а имаа можност да изработуваат свеќник менора и менора за празникот Ханука - Ханукија од макарони.
Убаво и едукативно дружење со другарчињата од EUROKIDS. Ве очекуваме и следното лето, за една година поголеми!