Прифатена работната дефиниција за негирање и искривоколчување на холокаустот
Владата на Република Македонија на седницата одржана на 10 март 2020година усвои заклучок со кој што ја прифати работната дефиниција за негирање и искривоколчување на холокаустот усвоена од страна на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот- ИХРА. Дефиницијата гласи : „Негирањето на холокаустот претставува дискурс и пропаганда кои што ја негираат историската вистина и обемот на истребувањето на Евреите од страна на нацистите и нивните соучесници за време на Втората светска војна, попознато како холокауст или шоа“ Владата ги задолжи сите органи на државната управа и институции кои немаат статус на орган на државната управа работната дефиниција за негирање и искривоколчување на холокаустот да ја земаат предвид во случај на укажана потреба од нејзина примена, односно користење во работите од нивна надлежност.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација