СЕ ОДРЖА СЕМИНАР ЗА СТУДЕНТИ


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Memorijal de la Shoah и Правниот факултет „Јустинијан Први“ одржаа семинар на далечина за студентите од Правниот факултет. Темата на семинарот беше „Холокаустот и масовните злосторства“.
Беа разработени следниве теми:
Омразата кон Евреите во европската историја
Деконструирање на 5 идеи за холокаустот
Холокаустот во Македонија
Родово насилство во рамките на Холокаустот
Негирање на холокаустот и јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права
Правна и историографска рамка на масовните злосторства
Геноцидот на Тутсите
Случајот со Рохинџите
Семинарот се одржа на 29, 30 ноември и 3 декември 2021 година, а учествуваа 55 студенти. Семинарот беше поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN