Онлајн промоција на книгата „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури


„Изброј ги ѕвездите“ е роман за хероизмот на една цела држава и нејзината нација која застанува во одбрана на своите сограѓани Евреи, ковејќи план да го прошверцува преку море до Шведска еврејското население од Данска. Приказната во „Изброј ги ѕвездите“ е преземена од вистински настани. Во Воведот, авторката и јавно ѝ се заблагодарува на својата другарка од Данска, која ѝ ги пренела нејзините спомени од детството во Копенхаген во 1943 година и станала модел за ликот на 10-годишната Анемари Јохансен.

На промоцијата зборуваа Жаклина Мучева од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, уредникот на „Изброј ги ѕвездите“, Бисера Бендевска, додека младата Мартина Атанасова прочита два извадока од делото.

„Изброј ги ѕвездите“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN