Одбележан Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна


Втори август е Европски ден на сеќавање на жртвите од холокаустот врз Синтите и Ромите. По тој повод пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа комеморација на која се обрати Претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски. Во неговото обраќање тој ја истакна големината на геноцидот врз Ромите и нагласи дека тие трагични настани од Втората светска војна се најмрачната замисла за така нареченото „конечно решение“ на нацистичката и фашистичка закана врз слободниот свет во тој период и не смее да се заборави.

„Ова е еден од најголемите порази на човештвото во историјата и затоа холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен како што го нарекуваат „заборавениот холокауст“ - истакна Спасовски

На комеморација по повод сеќавањето на жртвите од геноцидот над Ромите во рамки на Втората Светска Војна, се обратија и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, Музафер Бајрам и главниот извршен директор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо.

На 2 август 1944 година во гасните комори на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау биле убиени последните 4.300 затворени Синти и Роми. Овој ден се смета за симбол на холокаустот извршен од страна на нацистите врз преку 500.000 Синти и Роми во окупирана Европа. Европскиот парламент пред пет години го прогласи втори август за Европски ден на сеќавањето, а од државите-членки на ЕУ и натаму се бара да го вградат овој ден во своите земји како сеќавање на холокаусотот врз Синтите и Ромите. Република Полска е прва земја во Европа која го прогласи втори август за ден на сеќавање.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN