НАГРАДЕН КОНКУРС „РАСКАЖУВАМ ФОТОГРАФИЈА“
Фондот на холкауст на Евреите од Република Македонија распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии: „Раскажувам фотографија“
ТЕМА: Секоја недела, во петок, на ФБ страната на Фондот на холокаустот ќе бидат објавувани три фотографии кои ќе бидат позврзани со животот на Евреите во Македонија. Трите фотографии ќе бидат тематски и воедно ќе бидат лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија во минатото. Прифатливи би биле раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои се бават со соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите. Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција.
ПРОПОЗИЦИИ:
– расказите да не бидат подолги од 100 реда (три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери )
– авторите можат да пишуваат на македонски, албански, турски,влашки, ромски, српски или англиски јазик
– расказите да не биле досега објавувани Право на учество имаат сите полнолетни лица, веќе афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано. Нема ограничување во однос на бројот на раскази што еден учесник може да ги испрати на конкурсот.
Ракописите треба да се испратат на: info@holocaustfund.org.mk со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“
ТРАЕЊЕ: Конкурсот почнува на 16.10.2020 година, а ќе трае до 31.12.2020 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20.01.2021, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 27.01.2021 година, Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот.
НАГРАДИ:
Прва награда - подарок во вредност од 25 000 денари
Втора награда - подарок во вредност од 15 000 денари
Трета награда - подарок од вредност од 5 000 денари
Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.
Фондот го задржува правото за објавување на наградените. Најдобрите раскази, според жири комисијата, ќе бидат објавени на ФБ и WEB страните на Фондот на холокаустот. Сите издржани раскази ќе бидат објавени во публикација.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација