Фестивал „Ден на граѓанските организации“
Се одржа третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ организиран од програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, „Цивика мобилитас“, а спроведуван од НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Првпат на овој настан учествуваше и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и преку рекламниот материјал пред граѓаните го промовираше својот придонес во општеството и заедницата, укажувајќи на настаните од минатото и потребата за сеопфатна едукација за историските факти.
На официјалното отворање на настанот се обрати амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, како и меѓународниот лидер на тимот на програмата Цивика Мобилитас Petrus Theunisz и Александар Кржаловски националниот лидер на тимот на програмата Цивика Мобилитас.
На фестивалот учествуваа околу 80 организации од кои дваесетина имаа креативни работилници и дебати за посетителите, имаше и хуманитарни акции, активности за едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и друго.
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше покровител на фестивалот.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација