Годишен семинар на Centropa и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија за наставници од западниот Балкан
Centropа и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија организира годишен семинар за наставници од западниот Балкан на тема : „Изучување на сензитивна историја-Образованието за холокаустот и историјата на Балканот од 20-тиот век”.
Нудиме дво-дневна програма за онлајн обука на 50 наставници од Македонија, Србија, Босна, Словенија и Хрватска. Ќе може да се проследат презентации/работилници на најдобри наставни практики кои ќе помогнат да се развијат вештини за користење на дигитални алатки, да се поврзат наставниците со други посветени наставници од земјите на западниот Балкан и да се работи на проекти за меѓународна соработка заедно со учениците.
Семинарот ќе се одржи на 14-15.11. 2020 преку платформата Zoom Сесија 1: сабота, 14.11.2020 (15:30 -18:00) Сесија 2: недела, 15.11.2020 (15:30 -18:00)
Семинарот ќе се оджи на македонски и англиски јазик , со можност за симултан превод. На барање на учесниците ќе се обезбеди симултан превод на албански јазик. Пријавување на линк : https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSciHK82TLbaaFQ4ySoC8J6nV5j-95CF4mwqNcAN2Rv2Ui-L9Q/viewform
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација