МОРИЦ РОМАНО
Мориц Аврам Романо е роден на 11.09.1921 година во Бјелина, Босна и Херцеговина. Бил син на последниот битолски рабин Аврам Моше Романо кој потекнува од традиционално рабинско семејство. Мајка му Леа Леви била од Босански Шамац и ја имала единствената книжарница во градот. Неговиот постар брат Давид бил исклучително интелигентно и надарено момче. Низ битолските еврејски маала Мориц го ословувале како „Fizu di rabenu“ (син на рабин), а во училиште добил прекар „гитаристот“ Мориц. Бидејќи татко му е назначен за рабин во Дубробник, семејството се сели, а следното назначување било во Битола, каде Мориц го поминува целото детсво и младост, па затоа се сметал за битолчанец. Живееле во тогашно „Каваци “маало. Дома зборувале ладино и француски, а надвор македонски. Во гимназија учел српски, француски и германски. Неговото семејство трагично завршува во Треблинка со сите депортирани Евреи од Македонија. Завршил основно училиште, гимназија и Трговска академија ( 1938-1941) каде научил и стенографија (вештина за брзо пишување) во Битола. Во 1942 година, Мориц Романо станал член на Унијата на комунистичката младина на Југославија. Во април истата година бил уапсен од бугарските власти и осуден на затвор во Варна - Бугарија, каде останал до септември 1944 година. Во едно интервју (Oral history interview - United States Holocaust Memorial Museum), тој го раскажува токму овој период од својот живот „ Бев уапсен од бугарските власти поради мојата политичка определба (скоевец). Петмина момчиња, Евреи, бевме затворени и од Воениот суд на Бугарија осудени на 10 години затвор. На почетокот бевме префрлени во Скопје, во скопскиот затвор, а потоа нè транспортираа во затворот во Варна, каде останавме само две ипол години. Во затворот бевме регистрирани како затвореници - малолетници бидејќи набрзо матуриравме. По ослободувањето, под директно посредство на Црвената армија, со исклучок на еден наш пријател кој беше убиен во затворот, сите четворица се вративме во Македонија". По ослободувањето од затвор, бил назначен за секретар на Окружниот комитет на КПМ за Радовиш, позиција што ја имал до 1953 година. За време на неговиот престој во Радовиш, во 1946 се жени со Будимка Сарафова која била член на младинскиот комитет. Од 1951 живее во Скопје, каде го завршил Економскиот факултет. На 19 декември 1953 година е избран за секретар на Националното собрание на Народна Република Македонија. Од 1953 до 1969 година, бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ. Бил потпретседател на Републичката комисија за контрола. Потоа помошник министер за финансии, претседател на Окружниот народен комитет во Радовиш, државен секретар за финансии на Народна Република Македонија, секретар на секретаријатот на Извршниот совет на НРМ за трговија и туризам, како и претседател на Републичката стопанска комора и амбасадор на СФРЈ во Чиле. Како дипломат во периодот од 1966-1969, со своето семејство, сопругата Будимка и двете ќерки Лела и Берта, престојуваат во Сантјаго де Чиле. Романо бил член на Централниот комитет на СК Македонија, член на Претседателството на Главниот одбор на ССРН Македонија. Романо го задржал рангот на поручник на ЈНА во резерва. Бил професор на Економскиот факултет во Скопје. Мориц Романо е добитник на:
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација