ДАВИД ЈОСИП НАВАРО
Давид Јосип Наваро е роден во 1926 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје, а поради почетокот на Вторта светска војна и околностите бил приморан да го прекине своето натамошно образование. Како и другите Евреи од Македонија ја доживеал истата судбина на 11 март 1943 година да биде затворен во привременот логор во Скопје, Монополот. Благодарение на фактот што поседувал шпанско државјанство бил ослободен од Монополот, па така ги избегнал депортациите во логорот на смртта Треблинка, во тогашна окупирана Полска од страна на Нацистичка Германија. Остатокот од војната го поминал во илегала криејќи се од бугарската окупаторска полиција и војска и чекајќи погодна можност да се приклучи кон патизанското движење.
Во почетокот на 1945 година се приклучил на партизанското движење и бил распореден во Шеснаесеттата македонска ударна бригада која била дел од Петнаесеттиот корпус и Давид Наваро бил назначен за комесар на единица. На 12 април 1945 година учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт на потегот Шид - Товарник и храбро загинал кај местото Илинци, Срем во првите денови на офанзивата.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација