ШТО Е ТОА ХОЛОКАУСТ


Зборот холокауст води потекло од од грчките  зборови holos - цел, потполн, сиот и calstos – изгорен) и со нив кај Старите Грци се означувала жртвата. Кај Грците и Римјаните претставувал жртва која им се принесувала на боговите или на умрените и тоа со запалување, бидејќи во тоа време жртвата била во центарот на поголемиот број ритуали на боговите и луѓето. Стравот од убивањето на живо битие можел да се надмине само со обраќање кон боговите, и дури по искажаната согласност од боговите, жртвата можела да биде принесена.Од грчкиот јазик, зборот холокауст дошол во латинскиот.Во Библијата тој збор се употребувал за да ја означи жртвата изгорена на клада.

Во современото значење, холокаустот означува геноцид, односно масовни убиства врз европските Евреи, што ги извршиле германските нацисти и нивните слуги. Во таа смисла, зборот холокауст прв го употребил Ели Визел во шеесетите години во САД. Во Германија овој збор се одомаќинил во осумдесетите години благодарејќи и на истоимената американска серија.

Денес овој збор е општоприфатен во светот со значење- погром и прогон на Евреите за време на германскиот нацизам. Овој термин го прифатила и историската наука. Пред тоа се користел зборот геноцид  што прв го употребил Рафаел Лемкин.

Во Израел денес се употребува зборот shoa , што значи катастрофа , пропаст.

Истражувачот Аксел Бајн смета дека зборот холокауст не е примерен, бидејќи станува збор за брутални злодела, а не за свето жртвување, ниту за ненадејна  пропаст поради искупување на гревовите.


 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN