Основање на државата Израел
Терминот Израел низ историјата се користел како заедничко име за Земјата на Израел и на еврејскиот народ. Денешниот назив на земјата е Ерец Јисраел или Мединат Јисраел (Земјата на Израел и Државата Израел), а со тоа се отфрлиле имињата Зион и Јудеја. Во раните години на својата независност, властите на Израел го избрале терминот Израелци за назив со кој ќе се именуваат граѓаните на државата.
За тоа на која територија би се формирала државата на Евреите на почетокот се разгледувале повеќе опции. Првиот избор бил еврејската држава да се формира на почвата на библиската Земја Израилска, односно во Палестина, каде што Евреите живееле и имале своја држава во периодот од пред 3.200 години до вториот век од нашата ера.
Велика Британија ставила крај на отпорот на еврејските заедници ширум светот со донесувањето на Балфуровата декларација на 2 ноември 1917 година со која Велика Британија го поддржала создавањето на национално огниште на еврејскиот народ во Палестина. Таа водела сметка да не ги навреди Арапите кои ja населувале Палестина и во Декларацијата било додадено дека ништо нема да се направи на штета на националните и верските права на нееврејските заедници во Палестина.
Под влијание на Британија се успеало да ce внесе оваа Декларација во договорот кој бил потпишан во Севр во 1920 година и таа можела и практично да ce применува кога Велика Британија добила мандат во Палестина. Веднаш потоа почнало забрзано доселување на Евреите во Палестина. Во почетокот односите меѓу арапското и еврејското население биле добри. Но, со јакнењето на ционистичкото движење тие cе повеќе ce заладувале. Почнале да ce јавуваат судири, кои некаде прераснале во бунтови. За да ja смири ситуацијата, Британија формирала еврејски легиони од англиски, американски и од еврејско локално население. Во исто време биле донесени решенија за намалување на квотите на еврејско население кое ja населувало Палестина. Во 1929 година во време на големата економска криза почнало големо населување на Евреите во Палестина. Тоа довело до нови крвави судири кога загинале 135 Евреи и 120 Арапи, a биле ранети 600. Тоа било причина за донесувањето на Бела книга каде ce препорачувало ревизија на неограниченото еврејско населување. Kora Хитлер дошол на власт во Германија од 1933 година бројот на еврејски доселеници пораснал. Во периодот од 1933 до 1936 година од Полска и Германија биле преселени 164.000 Евреи. До нови судири дошло во 1936 година. За да ce утврди ситуацијата во Палестина, британската влада формирала специјална истражна комисија на чело со бившиот комесар за Индија, лородот Тил за да ги испита нередите. Комисијата утврдила дека судирот е голем, па оценила дека за да ce смири ситуацијата треба да ce подели Палестина на арапска и еврејска област под контрола на Британија. Од извештајот на Тил од 1937 ce гледа дека еврејската заедница во Палестина со своите изградени институции израснала во вистинска држава под раководство на еврејската заедница. Британската влада во мај 1939 година во Белата книга објавила дека треба да ce формира независна палестинска држава под заедничка управа на Евреите и Арапите. Во оваа држава власта и одговорноста требале да ja делат Арапите и Евреите. Светската ционистичка организација ce спротивставила на Белата книга и за таа цел свикала Конференција во Њујорк во 1942 година, каде била усвоена програма со која ce барало создавање на еврејска држава во Палестина. Бил отфрлен предлогот за бинационална држава.
Еден од водачите на Евреите, Давид Бен Гурион, на Конференцијата истакнал дека ce залага за заменување на британскиот мандат, со влада. Во усвоениот документ била зацртана програма за создавање на национален дом во Палестина. Тука и официјално било потврдено дека целта на ционистите е создавање на еврејска држава како официјална политика. Евреите уште во почетокот на Втората светска војна ce вклучиле во борбата против фашизмот и нацизмот. Давид Бен Гурион предложил да ce формираат еврејски бригади. Но, Британија во почетокот не ce согласила зошто ce плашела дека ќе ce налутат Палестинците и затоа била на мислење дека тие треба да останат подалеку од оружјето. Во септември 1944 година биле формирани бригади на чело со англискиот Евреин Енрест Френк Бенџамин. Тие имале голема улога во префрлувањето на Евреите од концентрационите логори во Палестина. Британија и во текот на војната постојано преселувала Евреи во Палестина, па така во 1945 година Евреите биле 30% од населението на Палестина.
Катастрофата што ja преживеале Евреите во текот на Втората светска војна го свртела вниманието на целиот демократски свет кон нив. За таа цел тие почнале меѓународна кампања за враќање во „ветената земја“. Во војната ционистите виделе надеж дека ќе ce остварат нивните идеи за создавање држава. Веднаш no капитулацијата на Германија, Хаим Вајцман, предавач на Манчестерскиот универзитет кој во овој период имал значајна улога во Светскиот еврејски конгрес, му испратил писмо на премиерот на Велика Британија Винстон Черчил во кое барал масовно населување на Евреите во Палестина. Черчил одговорил дека не може да ce реши ова прашање без претходна мировна конференција. Следното писмо од Вајцман до Черчил било со барање слободно да ce населуваат Евреите во Палестина пред мировната конференција, бидејќи во логорите имало уште Евреи кои немале каде да одат. На 21 ноември 1945 година во обвинителниот акт прочитан на Нирнбершкиот процес пишува дека од вкупно 9 милиони и 600.0000 Евреи кои живееле во Европа под нацизмот, 60% биле убиени, т.е. 5 милиони и 700.000 Евреи.
Британската влада на својата седница од 14 февруари 1947 година решила да го врати мандатот над Палестина. Истиот ден министерот за надворешни работи на Велика Британија, Ернест Бевин ja известил ООН и светската јавност дека мандантот ce префрлува на Организацијата со што палестинското прашање станало меѓународно прашање. Била закажана специјална седница и за претставник на Евреите бил избран Аба Хајел Силвер кој бил еден од највлијателните личности во ционистичкото движење. На седницата од 8 мај 1947 година било изнесено гледиштето на ционистите за создавање еврејска држава. Овие барања биле поддржани од Винстон Черчил и многу земји членки на ООН. На 15 мај 1947 година бил назначен Специјален комитет при ООН за Палестина, за да го разгледа ова прашање. Генералното собрание на ООН на својата редовна седница од 23 септември 1947 ги разгледало предлозите на Специјалниот комитет. На 29 септември 1947 година бил прифатен планот за создавање на две држави и интернационализација на Ерусалим. Арапите не биле задоволни од оваа одлука и почнале да ги напаѓаат еврејските населби и го опколиле Ерусалим. Британија најавила дека на 15 мај 1948 година ќе ce повлече од Палестина. На денот на повлекување на последниот британски војник од Палестина, Бен Гурион, прочитал прокламација за прогласување на еврејската држава, во која ce вели „...ние членовите на еврејската заедница во земјата Израел и ционистичкото движење, ce собравме овде на денот кога престанува британскиот мандат над земјата Израел, носени со природните и историските права кои ги потврди и Генералното собрание на Обединетите нации, објавуваме дека е воспоставена еврејска држава во земјата Израел која ќе ce нарекува Држава Израел“. Прокламацијата е потпишана од Бен Гурион и 37 лидери на ционизмот. Против создавање на еврејска држава истапиле Египет, Сирија, Трансјорданија, Либан и Ирак. Тие почнале света војна против Израел. ООН решиле да ce интернационализира Ерусалим, а двете спротивставени страни не ja прифатиле оваа одлука. Тоа било причина за судир меѓу Евреите и Арапите. Тоа е првиот Израелско-арапски судир кој завршил со донесување на одлука за прекин на огнот во 1949 година. По потпишувањето на примирјето Израел добил право да стане член на ООН. Приемот бил извршен на 29 мај 1949 година со што Израел ce обврзал да ja почитува Повелбата на ООН. Израел по прогласувањето на државата почнал брз економски развој.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација