Работна дефиниција за антисемитизмот усвоена одстрана на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот–ИХРА
Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 6 март 2018 година усвои заклучок со кој што ја прифати работната дефиниција за антисемитизмот донесена од странана Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот –ИХРА. Во таа прилика, Владата ги задолжи сите органи на државната управа и институции кои немаат статус на орган на државната управа работната дефиниција за антисемитизмот да ја земаат предвид во случај на укажана потреба од нејзина примена, односно користење во работите од нивна надлежност.
Прифаќањето на работната дефиниција за антисемитизмот од страна на Владата на Република Северна Македонија претставува потврда на нејзината цврста определеност за преземање мерки и активности во борбата против антисемитизмот, говорот на омраза, дискриминацијата, негирањето на Холокаустот и други појави на кршењена човековите права. Воедно, придонесуваи за појасно толкување на терминот антисемитизам и негово практично ползување во образовните и научно-истражувачките процеси, во обуките на државните и јавни службеници, како и во превенцијата и справувањето со антисемитизмот и други слични негативни појави.
Работната дефиниција за антисемитизмот е усвоена на пленарните состаноци на ИХРА одржани во Букурешт во 2016 година, има правно не обврзувачки карактер гласи:
“Антисемитизмот е одредена перцепција кон Евреите, која може да се изрази како омраза кон Евреите. Реторичките и физичките манифестации на антисемитизмот се насочени кон Евреи или не-Евреи и/или нивниот имот, кон институции на Еврејската заедница и верски објекти.”
Во дополнение на дефиницијата, се наведува дека антисемитските манифестации, исто така, можеза цел да ја имаат државата Израел, разбрана како еврејски колектив.
Антисемитизмот често се користи да ги обвинува Евреите за завера со цел да му наштети на човештвото и се користи да ги обвини Евреите како одговорни “зошто работите одат погрешно”. Антисемитизмот се изразува преку говор, пишување, визуелни форми и дејствија и користи злобни стереотипи и негативни карактерни особини.
Со цел што подобро да се насочи работата на ИХРА, но и на државите кои што ќе ја усвојат работната дефиниција, во продолжение се дадени примери на антисемитизам во јавниот живот, медиумите, училиштата и религиозните сфери:
•Повикување, помагање или оправдување на убивање или повредување на Евреите во име на радикална идеологија или на екстремистички погледи на религијата.
•Конструирање лажни, нечовечни, демонски или стереотипски тврдења за Евреите како такви или пак за моќта на Евреите како колектив како што се пред се, но не и исклучиво, митот за светска завера од страна на Евреите или за Евреите кои ги контролираат медиумите, економијата, владата или другите општествени институции.
•Обвинување кон Евреите како народ одговорен за вистински или измислени погрешни/лоши работи сторени од поединци или групина Евреи, или пак и за погрешни/лоши работи сторени од не-Евреи.
•Негирање на фактот, обемот, механизмите (на пр. гасните комори) или пак на намерата за геноцид на еврејскиот народ од страна на Национал -социјалистичка Германија и нејзините поддржувачи и соучесници за време на Втората светска војна (холокаустот).
•Обвинувањекон Евреите како народ или кон Израел како држава дека го измислиле или преувеличиле холокаустот.
•Обвинувањекон еврејските граѓани дека се повеќе лојални на Израел или на наводните еврејски приоритети ширум светот, отколку на интересите на нивните сопствени држави.
•Негирањена еврејскиот народ на неговото право за самоопределување, на пример преку тврдење дека постоењето на Државата Израел е расистички проект.
•Применување на двојни стандарди, со тоа што од Израел се бара однесување кое што ниту се очекува, ниту бара од било која друга демократска држава.
•Користење симболи и слики кои што асоцираат на класичен антисемитизам (на пр. тврдењето дека Евреите го убиле Исус или клеветењето дека се практикуваат ритуали со крвопролевање),а со цел на Израел или на Израелцитеда им се припишат такви карактерни особини.
•Споредувањена современата израелска политика со онаа на нацистите.
•Тврдења дека Евреите се колективно одговорни за постапкитена државата Израел. Сепак, критикувањето на Израел, слично на критикувањето на било која друга држава не може да се смета како антисемитска. Во функција на подобро разбирање на одредени поимикои се однесуваат на антисемитизмот, дадени се следните толкувања:
•Антисемитски дејствија се оние кривични дела кои што се утврдени со закон (на пр. негирањето на холокаустот или распространувањето антисемитски материјали во некои држави). Антисемитски кривични дела се и оние кога за цел на напади, без оглед да ли се работи за луѓе или имот се избрани оние –како што се згради, училишта, места за молење и гробишта –кои што се сметаат дека се еврејски или се поврзани со Евреите.
•Антисемитска дискриминација е кога на Евреите им се попречува да ги користат можностите или услугите кои што се на располагање на другите, а што е во спротивност со законот во многу држави.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација