Препораки за предавање и учење за холокаустот
Искористување и бенефитот на стручноста на делегатите од повеќе од 30 земји- членки, ИХРА „Препораките за настава и учење за холокаустот“ се наменети да дадат основа за креаторите на политики, практичарите и наставници кои ќе им помогнат да:
Развијат знаење за холокаустот, обезбедувајќи точност во индивидуалното разбирање и знаење и подигање на свеста за можните последици од антисемитизмот;
Создадат ангажирани наставни средини за учење за холокаустот;
Промовираат критичко и рефлексивно размислување за холокаустот, вклучувајќи ја и вештината да се спротивстават на негирање и искривување на холокаустот;
Придонесат во образованието за човекови права и спречување геноцид.
Препораките имаат за цел да го продлабочат разбирањето на холокаустот низ поставувања на клучни прашања во врска со историскиот контекст на холокаустот, неговиот обем и причините зошто и како се случил. Овој дел претставува серија на критични прашања, кои наставниците и едукаторите можат да ги користат за да ги изградат наставните планови и испитувањето на холокаустот.
Предавањето и учењето за холокаустот зависи од националниот и локалниот контекст. Овие контекстите ги дефинираат одлуките за кои прашањата ќе се истражува подлабоко, а кои ќе се работат концизно.
Меѓутоа, времетраењето на предавањето за холокаустот мора да биде доволно долго за учениците да можат да одговорат на следниве прашања на начин, кој ќе биде повеќе од задоволителен, но никако не и површен:
● Кои беа историските услови и клучните фази во процесот на ова геноцид?
● Зошто и како луѓето учествувале или станале соучесници во овие злосторства?
● Како реагирале Евреите на прогонот и масовните убиства?
● Зошто и како некои луѓе се спротивставија на овие злосторства?
Претходно поставените проблеми и прашања не треба да бидат исцрпни, туку повеќе да претставуваат збир на основни цели за учење на содржината. Имајте на ум дека загриженоста за холокаустот ќе се промени со текот на времето; прашања што не изгледаат релевантни денес ќе станат многу важни во иднина. Имајќи ги предвид овие важни предупредувања, наставниците се охрабруваат да им овозможат на учениците да ги истражуваат проблемите и прашањата што следуваат.
Учениците треба да знаат и да разберат дека холокаустот бил геноцид ширум континентот, кој уништил не само поединци и семејства, туку цели заедници и култури кои се развивале во Европа низ вековите.
ЗОШТО И КАКО СЕ СЛУЧИ
На учениците треба да им се даде можност да истражат зошто и како холокаустот се случил, вклучувајќи:
● Кои беа клучните фази, пресвртни точки и одлуки во процесот на геноцид?
● Како и зошто луѓето учествувале/извршиле/станале соучесници во овие злосторства?
● Како реагирале Евреите на прогонот и масовните убиства?
СОСТОЈБИ И РАЗВОЈ
За да се разбере како се случил холокаустот, треба да се разгледаат голем број на перспективи и холокаустот да се стави во контекст на различните процеси, при што како почетна точка треба да се земат прашањата кои следат. Од суштинско значење за наставата се и истражувањето и поврзувањето на настаните со националниот и локалниот контекст.
Кој беше европскиот анти-јудаизам и како беше поврзан со христијанските учења?
Како се развиле антисемитизмот и расното размислување во XIX век и каков бил односот со националистичката идеологија?
Какво беше влијанието на Првата светска војна и политичките случувања во Европа во меѓувоениот период во контекст на еврејските, односно анти-еврејските односи?
Како и зошто нацистите ги наведоа Евреите и другите во својата пропаганда и политика?
Како се воспостави Националната социјалистичка диктатура, особено аболицијата на основните права и перверзијата на владеењето на правото, кои го отворија патот до холокаустот и како реагираше германското општество на тој процес?
Како нацистите во предвоениот период се насочија кон правата и имотите на Евреите?
Како реагираше светот на нацистичкото владеење и политиките?
Како нацистите го радикализираа прогонот на Евреите откако нацистичката Германија влезе во Втора светска војна, и како сето тоа имаше влијание врз текот на војната?
Како и зошто нацистите организираа експропријација на Евреите и како тоа се одрази врз нивните шанси да преживеат?
Какви различни видови гета постоеле и како биле користени за раздвојување, уништување и прогонување заедници?
Како било возможно мобилните единици за убиство (Einsatzgruppen) да убиваат стотици илјадници Евреи во рок од половина година по германската инвазија на Советскиот Сојуз?
Во која фаза нацистите ја донеле одлуката на обид за убиство на сите европски Евреи?
Како масовното убиство на лица со посебни потреби го отвори патот за систематско убиство на Евреите?
Како нацистите ги користеа логорите на смртта и другите логори за да го реализираат предвиденото „Конечното Решение на европското еврејско прашање“?
Кое беше влијанието од соработката или отпорот во земјите сојузнички со Германија, а кое во окупираните земји на прогон?
Каква улога одигра поразот на нацистичка Германија и нејзините сојузници за завршување на холокаустот?
Со какви предизвици се соочија преживеаните од холокаустот по ослободувањето? По што се разликуваше ситуацијата на преживеаните Евреи по ослободувањето во однос на ситуацијата на не-еврејските жртви на прогон и војување?
Кои елементи на транзициската правда беа обезбедени по крајот на нацистичкиот режим и војната во Европа? На кој начин тие беа успешни? Што не беше постигнато?
Учениците треба да бидат во можност да разликуваат помеѓу извршените различни масовни злосторства од страна на нацистите и нивните соработници, секој со свои причини и исходи.
Прашањата што треба да се разгледаат може да вклучуваат:
Кои групи станаа жртви на нацистичкиот прогон и масовно убиство, од што беа мотивираани и со какви исходи?
Каков е односот на геноцидот врз Евреите во контекст на другите злосторства извршени од нацистите и нивните соработници, вклучително и геноцидот против Ромите и Синтите?
Доколку учениците почнале да разбираат како се случил холокаустот и да сфаќаат кои прашања денеска тоа ги поставува кон општествата, тогаш треба да разберат дека не е доволно
само да се ограничи одговорноста за овие злосторства на Хитлер и нацистите. Прашањата што треба да се разгледаат може да вклучуваат:
Кој бил одговорен и соучесник и кои биле нивните мотиви? Кои се разлики помеѓу одговорноста и соучесништвото?
Мажите беа претерано вклучени во убиствените активности, но какви поддржувачките улоги одиграа жените, и каква одговорност носат и тие за овие злосторства?
Кои биле улогите на локалното не-еврејско и еврејско население (вклучително и спасувањето и соработката)?
Какви ставови имаше мнозинството од населението во окупираните земји кон прогонот и убиствата на Евреите?
● Кои биле поединците и групите кои ризикувале да им помогнат и да ги спасат Евреите?
● Што ги мотивирало? Што ги спречило или обесхрабрило другите да преземат слични активности?
● Што се знаеше за прогонот и убиството на Евреите и кога?
● Како реагираше светот на информациите за прогонот и убиството на Евреите?
● Што се знаеше за геноцидот на Ромите и зошто не привлече внимание надвор од нацистичкиот доминирачки регион?
Од суштинско значење е дека холокаустот не се гледа само од гледна точка на сторителите, изворите, акциите или наративите. Евреите и останатите одбрани жртви мора да се појават низ историската фаза како поединци и заедници со свои контексти
и истории, повеќе отколку како пасивни објекти кои биле убиени масовно. Притоа, наставниците треба да обезбедат учениците да сфатат дека жртвите имале способност на независно делување и на злосторствата кои се одвивале одговориле најдобро што можеле, во смисла на претходното разбирање на светот и нивното место во него и информациите достапни во тоа време. Ова може да вклучува истражување на:
Како нацистите ги изолирале Евреите од остатокот од своите општества? Како реагирале Евреите на оваа изолација?
Што го карактеризира еврејското лидерство, образование, заедница, религиозна практика и култура за време на холокаустот?
До кој степен и на кои начини можеле Евреите да понудат отпор? До кој степен тие направиле така? Што ги ограничило или овластувало во овие одлуки и активности?
Зошто мажите, жените и децата биле различно погодени од страна на нацистичкото прогонство и како реагирале?
На учениците треба да им се даде можност да разговараат за релевантноста на историското искуство на холокаустот во денешен контекст. Прашањата што треба да се испитаат може да вклучуваат:
Како може студијата за прогонство на жртвите од нацистичката идеологија да го унапреди разбирање на влијанието на кршењето на човековите права врз општествата денес? Особено, што може да ни каже за односите помеѓу стереотипите, предрасудите, жртвените, дискриминација, прогон и геноцид?
Дали може разбирањето за еврејските бегалци пред, за време и по холокаустот да биде релевантно за сфаќањето на денешните бегалски кризи?
Дали може учењето за холокаустот да ни каже за процесот на геноцид, неговото предупредување знаци и можности за интервенција, кои можат да ги зајакнат современите напори во превенција од геноцид?
Дали има контексти кога употребата на слики и дискурси на холокаустот не се корисни или се проблематични? Дали има презентации на холокаустот кои се проблематични?
Материјалите можете да ги најдете на следниве линкови:
https://holocaustremembrance.com/mk/resources/educational-materials/shto-da-uchime-za-kholokaustot
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација