Одбележан празникот Ту Бишват


Ја продолживме традиција на садење дрвја на празникот Ту Бишват. Денеска посадивме пет нови Туји во паркот пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Во животот на Евреите, дрвјата секогаш имале клучна улога и кон нив се однесувале со посебна почит.
Садењето дрво значи надеж. Многу одамна (денес, кога ќе се родат) на празникот Ту Бишват се саделе дрвја за децата родени во претходната година: за момче, кедар, со желба детето да порасне за да биде високо и исправено, за девојче, чемпрес, за да биде благодатна и миризлива. Подоцна, од тие дрвца, од гранките од чемпресот и кедарот, на невестата и младоженецот им била правена chuppah хупа (крошна) за нивната свадбена церемонија. Значи садењето е поврзано со два најважни периода во животот на човекот, раѓањето и бракот, два момента кога се работи за иднината. Оваа традиција е толку моќна што дури и во концентрациониот логор Теризенштад, децата засадиле дрво.
Тората забранува уништување на овошни дрвја, дури и во време на војна.
Садењето исто така се сметало за начин да се создаде вечност. Како што се раскажува во Талмудот, еден праведник наишол на човек кој засадил рогач.
„Колку долго ќе му треба за да роди плод? прашал тој.
„Околу 70 години“, одговорил човекот.
„Значи, мислите дека ќе живеете доволно долго за да ги вкусите неговите плодови? - рекол праведникот
Човекот објаснил: „Најдов израснати рогачи во светот. Како што ги саделе моите предци, така и јас садам за моите деца“.
Садиме за нашата иднина.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN