Панел дискусија на тема: Sin Memoria No Ay Avenir (Без меморија нема иднина) - Комеморација на холокаустот на сефардскиот Евреи од Балканот
На 22 март 2021 година , Светскиот Еврејски Конгрес, Еврејската заедница во Република Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе бидат домаќини на панел дискусијата на тема: Sin Memoria No Ay Avenir (Без сеќавање нема иднина) - Комеморација на холокаустот на сефардските Евреи на Балканот.
Ќе се зборува за уништувањето на сефардските Евреи на Балканот за време на холокаустот и за повторното раѓање на неколку заедници по холокаустот.
Судбината на оние што живееја во тој дел од Европа беше запечатена во март 1943 година, кога повеќе од 11.300 Евреи од територијата на денешна Северна Македонија, Пирот во Србија, источниот дел од Македонија и Тракија во Грција, беа депортирани и испратени во логорот на смртта Треблинка во Полска, окупирана од Германија. Од оваа бројка, седум илјади и сто четириесет и четири Евреи се депортирани од Македонија, што претставува 98% од предвоената еврејска популација во земјата, најголем процент во цела Европа.
Панелисти:
- Д-р Александар Оскар, претседател на Организацијата на Евреите од Бугарија „Шалом“
- Горан Садикаријо, извршен директор на Фондот за холокауст на Евреите од Македонија
- Барбара Паниќ, директор на Еврејскиот музеј во Белград, Србија
- Александра Патрикиу, д-р истражувач, еврејски музеј на Грција
- Модератор: Лоренс Вајнбаум, генерален директор на WJC Израел / Израелски совет за надворешни односи
Панел дискусијата ќе се одвива од 15 до 16 часот, а линкот на кој можете да се пријавите за да ја следите дискусијата е : https://wjc-org.zoom.us/.../reg.../WN_a9hYQRoGTHWFtLmIfLBK2Q
Повеќе информации на: https://www.worldjewishcongress.org/en/events/wjc-to-host-panel-dedicated-to-memory-of-destruction-of-sephardic-jewry-in-balkans-during-holocaust?fbclid=IwAR2HaUz5n4ti6_-fAmuZQFtj6hd-BAopfdYTU8bGAAw93NG_J7C51yBsZho
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација