Одбрани трите најдобри ученички творби од ликовниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“ на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија


Жири комисијата во состав:
м-р Мирјана Крстева Массетти, ликовен уметник и педагог
м-р Александар Џинго, ликовен уметник и педагог
м-р Ивана Настески, ликовен уметник и педагог
на онлајн средбата на ден 04.04.2021 година, ги одбраа најдобрите 3 ученички творби изработени во колаж техника. Во нивниот извештај запишаа:
Врз основа на зададената тема на ликовниот конкурс, мора да признаеме дека не беше едноставно да се одлучиме кому да ги доделиме трите места, со оглед на тоа дека наидовме на прекрасни дела од учениците. Сите тие, се потрудиле на искрен начин да одговорат на една сензитивна тема, и низ својата призма да дадат личен, ликовен осврт и поглед.
Сепак, ние се одлучивме за ликовните дела:
Прво место: Елсана Салиу 7 одд , ООУ Прпарими, с.Чегране, Гостивар, ментор - Икмет Ајети
Мошне современо гледање на зададаената тема.Низ црно-белата гама, е изразена темата. Одлично запазена композиција, идеја и силен контраст.Овој цртеж, комплетно ја одсликува зададената тема.
Второ место: Константин Солак 9 одд, ООУ Стив Наумов - Битола, ментор- Славица Михаилова
Оригинално и креативно дело. Решено во цртеж, со нежни и контрастни линии, наспроти монохромниот дел и ни ја доловува целокупната атмосфера на тој мрачен период од историјата.
Трето место: Ема Костова 9 одд, ООУ Гоце Делчев- Битола, ментор - Кристина Стојанова
Во овој цртеж наидовме на една исклучително добро реализирана композиција.Мозаичната позадина одлично кореспондира со нежната детска рака, создадена во цртеж со фини и меки линии.Добар спој на колаж и цртеж.
Убедени сме, дека сме ја донеле вистинската одлука.
На сите ученици и учесници на оваа ликовна изложба и ликовен конкурс, од се’ срце им благодариме на учеството со најискрени желби за добро здравје и успех.
Жирито во состав: Мирјана Крстева Масети, Александар Џинго, Ивана Настески
Честитки за наградените ученици од целиот тим на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Онлајн изложбата од ученичките творби можете да ја погледнете на оваа страна во делот видеа или на нашиот ЈУ ТУБ канал https://www.youtube.com/watch?v=R6UFvx4KM8g&t=14s

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN