Нова книга од издавачката дејност на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија


Збирката раскази од литературниот конкурс „Раскажувам фотографија“ 2020 е финализација на проектот - литературен конкурс за краток расказ посветен на мотиви од предвоениот живот и страдањето на македонските Евреи.
На конкурсот пристигнаа 138 литературни творби. Меѓу нив, најголем дел солидно напишани прози, со исклучок на творби кои не го погодија овој жанровски образец (расказот) изразени било како историски осврти или како своевидни есеи. Интересно е дека во тој богат одѕив, повеќето беа мотивирани да се огласат и со два или повеќе прилози.
Во збирката се поместени вкупно 36 издржани раскази кои ќе го збогатат квалитетниот книжевен материјал на нашата фондација.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN