Онлајн работилница „Справување со антисемитизмот преку образование“


Се одржа онлајн работилницата „Справување со антисемитизмот преку образование“ во организација на ОБСЕ - ОДИХР , УНЕСКО, и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а со поддршка на Министерството за образование и наука. Учесниците имаа можност да дискускутираат и да разменат искуства од нивната практика во делот за образовните материјали и обработка на темите „Холокауст“ и „Антисемитизам“.
Оваа работилница овозможи професионална обука за наставниците, поточно тие имаа можност да научат од добрите практики како се обработува темата за антисемитизмот и другите форми на нетолеранција. Иако овие теми се чуствителни и треба внимателно да им се пренесат на учениците, не треба да се одбегнуваат. „Сеќавањата за Холокаустот создаваат голем немир и болка особено помеѓу потомците на жртвите и хероите на болната идеја да се истреби цел еден народ, како и кај секој друг човек со нормален разум и развиени емоции. Но, токму таа болка создава и сплотеност и ја одржува борбата за ова зло никогаш да не се повтори. Република Северна Македонија е активен учесник во таа борба.“ Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во воведниот дел на на онлајн работилницата.
Публикацијата „Справување со антисемитизмот во училиштата/програма за обука на наставниците во основното образование“ и другите корисни публикации на оваа тема, можете да ги превземете од нашата веб страна http://holocaustfund.org.mk/ на следниов линк: http://holocaustfund.org.mk/posts/details/236

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN