Поради вонредната состојба со вирусот COVID 19 и оваа година конкурсот го реализиравме во поинакви услови, а за жал ги изоставивме и завршните свечени манифестации.
Жири комисиите ги одбраа најдобрите творби на трите конкурси:
1. Литературен конкурс - тема : „Да можев да ја сменам историјата ќе немаше холокауст“
2. Ликовен конкурс - техника: Колаж
3. Дигитална содржина - тема: „Приказна за спасени Евреи во холокаустот“
Од пристигнатите ЛИТЕРАТУРНИ творби, жири комисијата во состав:
1. Марија Иванова – наставник по македонски јазик и литература од Штип
2. Магдалена Сајкова – наставник по македонски јазик и литература од Битола
3. Лилјана Лазаревска Мешковска - претставник од ФХЕМ
ги одбра следниве три литературни творби:
Теодор Ѓуровски IX одделение, ООУ „Лазо Ангеловски“ – Скопје
Стефан Станковски IX одделение, ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово
Ана Коцева VI одделение, ООУ „Даме Груев“ – Градско
Комисијата одлучи да додели и една посебна пофалница на ученичката
Замира Скендери, VIII одделние, ОУ „Фан Ноли“- с. Требош, општина Желино, поради нејзиниот специфичен израз, оригиналност и необичност.
Иако резултатите од ликовните творби ги објавивме пред еден месец на денот на одбележувањето на Јом Хашоа, ги објавуваме уште еднаш како интегрален дел од овој проект.
Од пристигнатите ЛИКОВНИ творби, жири комисијата во состав:
1. м-р Мирјана Крстева Массетти, ликовен уметник и педагог
2. м-р Александар Џинго, ликовен уметник и педагог
3. м-р Ивана Настески, ликовен уметник и педагог
ги одбра следниве три ликовни творби:
ПРВО МЕСТО
Елсана Салиу 7 одд , ООУ Прпарими, с.Чегране, Гостивар, ментор - Икмет Ајети
ВТОРО МЕСТО
Константин Солак 9 одд, Стив Наумов - Битола, ментор- Славица Михаилова
ТРЕТО МЕСТО
Ема Костова 9 одд, Гоце Делчев- Битола, ментор - Кристина Стојанова
Од пристигнатите ДИГИТАЛНИ содржини, жири комисијата во состав:
1. Елена Стојаноска- диполомиран сценарист
2. Викторија Стојанова- магистриран монтажер
3. Елена Левеска - претставник од ФХЕМ
донесе одлука да ги награди следниве три дигитални содржини:
"Холокаустот низ очите на Хелена"
Еда Јусуф VII одделение , ООУ„Св. Кирил и Методиј" Скопје
Ментор: Марина Станковиќ
Марија Јовеска, Лаура Кајџаноска- VII одделение
Александар Велјаноски- VIII одделение
Исидора Котеска, Михаил Алексоски, Ангела Илиеска - IX одделение
ООУ,,Климент Охридски‘‘ Прилеп
Ментори: Фросина Аврамоска, Јулијана Талеска, Каролина Јовеска
"Една страница од еврејската штипска приказна за Шела"
Анастасија Хаџи-Смилева, Дијана Костова, Христина Митевска, Теа Беркова, Ема Димитровска, Филип Кангалов, Ања Арсова, Сандра Китановска, Ана Манева – VII одделение
ООУ ,,Димитар Влахов‘‘ Штип
Ментор: Марија Иванова
Сите ученици и ментори кои учествуваа во проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ ќе добијат електронски сертификат (испратен во училиштето).
Наградените ученици од Скопје, на 25.05 од 9 - 11 часот да дојдат во Меморијалниот центар за да си ја подигнат наградата.
Наградите за учениците од другите градови ќе бидат пратени во училиштата.
Денеска вторпат ја објавуваме онлјан изложбата од издржаните ликовни творби, а останатите наградени творби ќе ги објавиме во наредниве денови на оваа ФБ страна.
На сите наградени учесници им честитаме за наградите, а на останатите ученици и ментори им благодариме за учеството.
Напомена:
Сите ликовни и литературни творби, како и дигитални содржини остануваат во сопственост на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија