Одржан семинар под наслов „За иднината: Холокауст комеморација од нашата генерација“ во соработка со Европска унија на еврејски студенти и Светска унија на еврејски студенти


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Европската унија на еврејски студенти и Светската унија на еврејски студенти одржаа семинар под наслов „За иднината: Холокауст комеморација од нашата генерација“ од 25.04. – 30.04.2014 г., каде што учество  земаа еврејските студенти од Европа и светот.

За првпат имавме можност да ги донесеме во Македонија младите лидери на еврејските младински организации и асоцијации од Европа и светот на едно место, каде што им го презентиравме животот на Еврејските заедници на Балканот пред Втората светска војна, за време на холокаустот и нивниот живот денес. Младинската секција од Еврејската заедница во Република Македонија е полноправна членка на двете унии на еврејски студенти.

Светската унија на Еврејски студенти со повеќе од 50 еврејски студентски унии и е формирана во далечната 1924 година. За нејзин прв претседател бил поставен Алберт Ајнштајн. Нивното главно седиште се наоѓа во Ерусалим, држава Израел. Европската унија на еврејски студенти е асоцијација од над 35 европски еврејски младински организации, тргнувајќи од Русија преку Скандинавија, па се до Велика Британија и е  формирана 1978 г. во Гренобл, Франција, за веќе 1982 г. нејзино главно седиште да биде Брисел.

Предавачи на семинарот беа М-р Јони Бероуз, од меморијалниот центар Јад Вашем од Ерусалим, Израел, Стефани Лецесне, тренинг координатор од организацијата „Еврејски придонес за инклузивна Европа“ од Брисел, проф. д-р Теон Џинго и проф. д-р. Тодор Чепреганов од Институтот за национална историја во Р. Македонија.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN